CLICK HERE FOR THOUSANDS OF FREE BLOGGER TEMPLATES »
Showing posts with label Лигата на шампиони. Show all posts
Showing posts with label Лигата на шампиони. Show all posts

Thursday, April 3, 2008

Фенербахче не знае што е пораз на домашен терен

Екипата на Фенербахче победи на сите одиграни натпревари на стадионот Şükrü Saracoğlu во Лигата на Шампиони оваа сезона.

Фенербахче-Интер 1:о



Фенербехче-ПСВ 2:0




Фенербахче-ЦСКА 3:1



Фенербахче-Севиља 3:2



Фенербахче-Челзи 2:1

Friday, March 14, 2008

Лигата на шампиони



Денеска во Нион, во седиштето на УЕФА на програмата беше ждрепка за четвртфиналето на Лигата на шампионите.

Во најелитното европско фудбалско натпреварување ќе се сретнат:

Ливерпул-Арсенал
Фенербахче - Челзи
Рома-Манчестер Јунајтед
Шалке 04-Барселона



Финалистот од ланското финале, Ливерпул, за противник во четвртфиналето го доби тимот на Арсенал.Екипите на Арсенал и Ливерпул ќе ги одмерат силите во англиската пресметка и победникот од овој англиски дуел ќе игра во полуфиналето со подобриот од мечот Фенербахче - Челзи.
Додека Екипата на Рома ќе игра против англискиот шампион Манчестер Јунајтед , и се очекува дека Рома ке се одмазди за последната одиграна утакмица помеѓу овие две екипи кое што заврши 7-1 за екипата на Манчестер Јунајтед.Победникот од овој дуел ќе се соочи со победникот помеѓу Шалке 04-Барселона

Првите натпревари од четвртфиналните пресметки се закажани за 1 и 2 април, а реваншите за 8 и 9 април.

Финалето на ЛШ ќе се игра на 24 мај, на стадионот „Лужники“ во Москва.

Tuesday, March 11, 2008

ЛИВЕРПУЛ ИМ ГО РАСИПА ПРАЗНУВАЊЕТО НА ИНТЕР | | |




Фудбалерите на Ливерпул го расипаа празничното расположение на нероасурите со тактички прекрасна игра во текот на целиот натпревар.
Ливерпул очекувано почна да ги брани нападите на Интер, но по се изгледа повторно одлучувачки , а воедно и главен фактор на утакмицата беше црвениот картон на Интер кој го доби Бурдисо кој стартуваше на два пати остро врз противниците по што главниот судија на натпреварот му покажа втор жолт картон што значи исклучување за Николас Бурдисо.
Иако Интер остана со играч помалку на теренот Роберто Манчини се реши да не менува ништо, меѓутоа во 63-ата минута се покажа дека тренерот на Интер згреши, со што Фернандо Торез со прекрасна финта од свртување ја смести топката во голот и го доведува својот клуб во предност од 0:1.
Ливерпул е четвртата екипа покрај Челзи,Арсенал и Манчестер Ј. која продолжи во 4/финалната фаза од Лигата на шампионите. Ова покажува на прекрасна доминација на тимовите од островото.Ливерпул вечерва може комотно да слави и да го причека ждребот кој ке се извлекува во петок на 15.03.08. со почеток во 12:oo.