Успешната сезона на Манчестер заврши со шампионска титула 17 во историјата и ја заокружија сезоната во Премиер Лигата.Манчестер дојде во водство преку пенал кој дефинитивно непостоеше но сепак судијата Стив Бенет не се ни двоумеше да покаже на белата точка.Реализираше Роналдо.Потоа повторно судијата дојде до израз и не му даде заслужен вотор жолт на Пол Сколс и потоа не му беше тешко на Манчестер да зголеми на 2-0 и да ја обезбеди титулата.
Челзи пак одигра дома 1-1 со Болтон.Поведоа преку Шевченко но во 93` Болтон изедначи и Челзи ќе мора да ја чека шансата во Лига на шампиони за да му се одмазди на Манчестер.
Tuesday, May 13, 2008
Судијата Бенет им ја освои титулата на Манчестер!!!
Posted by Ice at 2:11 AM 2 comments
Labels: Премиер Лига
Thursday, May 8, 2008
Челзи ќе се бори до крај
Премиер Лигата завршува за четири дена а сеуште не се знае кој ќе биде шампион. Манчестер е тој кој ја има пол-позицијата.
Во 37 претпоследно коло успеа да слави дома против Вест Хем со 4-1.Роналдо беше човек на мечот со два гола а стрелци беа Тевез и Карик.За гостите стрелец беше Дин Ештон.
Сепак Челзи е тој кој се погрижи се да се решава во 38 коло.Со головите на Балак и Малуда славеа на гостувањето кај Њукасл и храбро останаа до крајот во битката за титулата.Дали среќата ќе прати храбрите во последното коло останува да видиме.
Posted by Ice at 4:02 AM 0 comments
Labels: Премиер Лига
Friday, May 2, 2008
Балак презеде во свои раце
Балак беше човекот кој успеа да го победи Манчестер и да направи притисок на две кола пред крајот.Во 45` го донесе во водство Челзи а откога израмни Руни по катастрофалната грешка на Карваљо во 87` од пенал му ја донесе заслужената победа на Челзи.
Челзи конечно успеа да се изедначи со Манчестер Јунајтед на врвот но дали е тоа закаснето останува да видиме бидејќи на две кола пред крајот Манчестер игра со Вест Хем и Виган а Челзи со Њукасл и Болтон.Ако победи Манчестер и Челзи, Мен-ју ќе бидат шампиони поради подобрата гол разлика.
Posted by Ice at 2:39 AM 0 comments
Labels: Премиер Лига
Wednesday, April 23, 2008
Манчестер "киксна" за титула???
Новото коло во Премиер Лигата донесе доста неизвесност со што трката за титулата стана неизвесна но во корист на Мен-ју.
Челзи не дозволи ново изненадување по она со Виган и со голот на Есјен донесе три бода и ги притисна Манчестер на само два бода.
Манчестер под притисок патуваше на госувањето на Ивуд Парк каде се покажа дека Блекбурн нема да се откаже од трите бода така лесно.По грешката на Видич и Фердинанд Роке Санта Круз беше тој што го расипа расположението на сер Алекс Фергусон со погодок за водство од 1-0 на Блекбурн.Очекувано Манчестер даде гас и почна да го торпедира голот на Блекбурн каде голманот Фридел правеше чуда со своите интервенции.Сепак по еден непостоечки корнер Тевез беше херојот кој донесе бод за Манчестер во 88` со што во следното коло ќе гостуваат на Стемфорд Бриџ со три бода предност и подобра гол разлика.Челзи ќе мора да победи на сите три преостанати натпревари а Манчестер да киксне на уште некоја доколку изгуби во Лондон на 26 април.
Останати резултати:
Фулам - Ливерпул 0-2
Арсенал - Ридинг 2-0
Астон Вила - Бирмингем 5-1
Њукасл - Сандерленд 2-0
Манчестер Сити - Портсмут 3-1
Виган - Тотенхем 1-1
Мидлзбро - Болтон 0-1
Вест Хем - Дерби 2-1
Posted by Ice at 1:26 AM 2 comments
Labels: Премиер Лига
Saturday, April 12, 2008
Тандем за нова ера во Ливерпул???




Дали овој тандем значи нова ера во Ливерпул?Тоа можеби не се гледа во Премиер Лигата но во Лига на шампиони и тоа како им оди.Двајцата се класа се надополнуваат еден со друг а и се приметува другарството помеѓу нив.Торес ќе каже:"Стивен е прав лидер на теренот и знае да не мотивира само со неговото присуство".Ниту пак Жерард не штеди зборови за Торес."Тој е голем играч,има кариера пред него,ме потсетува на Јан Раш славен поранешен фудбалер на Ливерпул,мислам дека ќе биде и подобар од него".
Posted by Ice at 6:10 AM 2 comments
Labels: Премиер Лига
Tuesday, April 8, 2008
Боро изигра за ЧЕЛЗИ
На 5 кола пред крајот трката за титулата стана понеизвесна кога Манчестер ремизираше на Риверсајд а Челзи победи на Сити Граунд во Манчестер.
Челзи со автоголот на Дан и голот на Саломон Калу го притиска Манчестер на втората позиција со само 3 бода негатива во однос на лидерот.
Дербито на Арсенал и Ливерпул кое заврши 1-1 со головите на Крауч и на Бендтнер помина во сенка во супер зимскиот дуел на Боро и Мен-ју каде лидерот спаси бод.Манчестер поведе преку Роналдо а засилувањето Алфонсо Алвес најпрвин израмни а потоа и го доведе во водство на Боро.Израмни Вејн Руни а во самиот финиш Тунчај пропушти шанса да го победи Манчестер.
Останати резултати:
Фулам - Сандерленд 1-3
Вила - Болтон 4-0
Њукасл - Ридинг 3-0
Виган - Бирмингем 2-0
Блекбурн - Тотенхем 1-1
Евертон - Дерби 1-0
Posted by Ice at 4:23 AM 1 comments
Labels: Премиер Лига
Tuesday, April 1, 2008
Ѓаволите ја "сварија" Вила
Тоа што беше навидум лесно за Манчестер не беше воопшто лесно за Челзи и Арсенал.
На домашен терен Мен-ју ја одржа предноста од 5 во однос на Челзи и 6 бода во однос на Арсенал.Човек на натпреварот беше секако Кико.Со многу атрактивен гол го доведе Манчестер во водство во 17 минута.Го пстина 35-иот гол оваа сезона во 35-иот натпревар.Но тука не беше крајот.Во 33` му асистираше на Тевез за два нула а откако Руни зголеми на 3-0, во 70` повторно асистираше до Руни за конечни 4-0.
Челзи со голот на Карвалјо оствари победа од 1-0 над Боро но двапати пречката и еднаш стативата беа сојузници на Челзи.
Таму каде беше најинтересно на Рибок се случи чудо кога Арсенал со 2 гола негатива и човек помалку успеа да слави во самиот финиш.Со двата гола на Тејлор,Болтон водеше на полувреме а и имаше човек повеќе на теренот.Во второто полувреме откако не успеа да ја завери победата на ред дојде Арсенал.Влегоа во игра Волкот и Адебајор и се се смени.Најпрвин намали Галас по еден корнер и кикс на Иван Кампо а во 68` од пенал израмни Ван Перси.Арсенал почна да ја игра својата игра и во финишот беа наградени за храбрата игра кога Фабрегас во 90` шутираше а таа се одби од двајца и влезе во мрежата.
Ливерпул на Енфилд со голот на гол-машината Торес победи во градското дерби на Мерсисајд со еден нула во директниот дуел за 4 место.
Останати резултати:
Тотенхем - Њукасл 1-4
Бирмингем - Сити 3-1
Сандерленд - Вест Хем 2-1
Ридинг - Блекбурн 0-0
Дерби - Фулам 2-2
Портмсут - Виган 2-0
Премиер Лига Pts
1 Man United 76
2 Chelsea 71
3 Arsenal 70
4 Liverpool 62
5 Everton 57
6 Portsmouth 53
7 Blackburn 50
8 Aston Villa 49
9 Man City 49
10 West Ham 44
11 Tottenham 39
12 Newcastle 35
13 Middlesbrough 34
14 Sunderland 33
15 Reading 32
16 Wigan 31
17 Birmingham 30
18 Bolton 26
19 Fulham 24
20 Derby 11
Posted by Ice at 8:34 AM 1 comments
Labels: Премиер Лига
Wednesday, March 26, 2008
Дрогба удри по "топот" на Арсенал
![]()
Двете неделни дерби натпревари поминаа во знакот на домакините.Додека на Олд Трафорд беше очигледна играчката и резултатската надмоќност на Мен-Ју, далеку понеизвесен и попеколен финиш ни овозможија Челзи и Арсенал.
На Олд Трафорд дел од работата беше завршена уште во првото полувреме кога по убавите шанси на Вејн Руни по една негова нафрлена топка од левата страна налета Вест Браун искористувајќи го киксот на Реина кој имаше неколку несигурни интервенции, и го доведе Манчестер во водство во 34`. Но тоа беше само увертира во она што навистина го промени текот на натпреварот.Во 44` Маскерано поради приговор доби втор жолт и судијата Бенет го испрати во соблекувалната.Останува прашањето дали требаше судијата да го направи тоа и колку намерно или случајно влијаеше во понатамошниот тек од натпреварот.Во второто полувреме иста слика, безброј напади на Мен-Ју и експлодираа Роналдо и Нани во 79 и 81` за конечни 3-0."Бабел беше во близина и го прашав што се случило а тој рече дека Маскерано само прашал зошто Торес добил жолт картон.Не требаше да го направи тоа Бенет-рече Бенитез по натпреварот".![]()
На "Стенфорд Бриџ" Челзи одигра уште еден супер интересен меч но овој пат во своја корист.Атмосферата прекрасна како и секогаш, стадионот исполнет до последно место, остануваше на играчите да му дадат посебен шмек на натпреварот.Во првото полувреме бе скромни шансите на двете страни.Но затоа во второто полувреме дефанзивецот на Арсенал Санја во 59` се погрижи за штама на Стенфорд Бриџ.По ударот на Фабрегас од аголот со глава успеа да ја протне топката помеѓу стативата и Кудичини.За момент се надѕираше првиот пораз на Челзи дома по 78 натпревари.Аврам Грант често беше критикуван дека неможе да победи екипа од големата четворка и дека не знае како да направи измени кога е потребно.Грант повторно презема ризик и ги уфрли Белети и Анелка а разочарано Балак го напушти теренот незадоволен од одлуката на Грант веднаш замина во соблекувалните.Влегувањето на Анелка внесе свежина во нападот на што одговори Дидие Дрогба и презема се во своите раце и најпрвин израмни а потоа во 81` го доведе во водство Челзи.Во финишот имаше можност за хет-трик но одбрани Алмунија.
Останати резултати од 31 коло:
2008-03-22 Reading 2 (1-0) 1 Birmingham
2008-03-22 Newcastle 2 (1-0) 0 Fulham
2008-03-22 Blackburn 3 (2-1) 1 Wigan
2008-03-22 Bolton 0 (0-0) 0 Man City
2008-03-22 Everton 1 (1-0) 1 West Ham
2008-03-22 Middlesbrough 1 (1-0) 0 Derby County
2008-03-22 Aston Villa 0 (0-0) 1 Sunderland
2008-03-22 Tottenham 2 (0-0) 0 Portsmouth
Premier League табела:
нат. бод.
1 Man Utd 31 73
2 Chelsea 31 68
3 Arsenal 31 67
4 Liverpool 31 59
5 Everton 29 51
6 Portsmouth 31 50
7 Aston Villa 31 49
8 Blackburn 31 49
9 Man City 30 49
10 West Ham 31 44
11 Tottenham 31 39
12 Middlesbrough 31 34
13 Newcastle 30 32
14 Wigan 31 31
15 Reading 31 31
16 Sunderland 31 30
17 Birmingham 31 27
18 Bolton 31 26
19 Fulham 31 23
20 Derby County 31 10
Идно коло:
Birmingham City v Manchester City
Bolton Wanderers v Arsenal
Chelsea v Middlesboro
Derby County v Fulham
Liverpool v Everton
Manchester United v Aston Villa
Portsmouth v Wigan Athletic
Reading v Blackburn Rovers
Sunderland v West Ham United
Tottenham Hotspur v Newcastle United
Posted by Ice at 2:09 AM 1 comments
Labels: Премиер Лига
Saturday, March 22, 2008
"Жешко" во Англија на врвот
![]()
Тоа што не смее да се пропушти овој викенд се секако двата дерби натпревари во Англија помеѓу Челзи-Арсенал и Манчестер-Ливерпул во кои Манчестер влегува со три бода предност пред второпласираниот Арсенал а пет во однос на Челзи.Ова е шанса Манчестер да ја зголеми предноста во однос на конкурентите за титулата но ништо не се знае кога е во прашање Ливерпул.Челзи пак со евентуална победа ќе се искачат на второто место но Арсенал веќе четири натпревари нема победа и сигурно нема да се брани на "Стенфорд Бриџ" каде Челзи е неприкосновен во Премиер Лигата.
Posted by Ice at 6:58 AM 1 comments
Labels: Премиер Лига
"Голеада" на Вајт Харт Лејн!!!
Фудбалерите на Челзи по оној трилер меч со Астон Вила на свој терен на своите фанови им подари уште еден инфаркт натпревар на со Тотенхем на гости каде што и покрај тоа што поведуваше трипати на крај успеа да спаси дури само бод.
На почетокот се тргна добро за Челзи кога поведе уште во 3 минута со голот на Дрогба но Вудгејт се погрижи за поинтересен тек на натпреварот израмнувајќи со удар со глава во 12 минута.Челзи сепак успеа на полувреме да однесе предност од 2-1 по одличниот пробив на Џо Кол кога Есјен успеа да ја смести топката во мрежата во 20 минута.Кога и самиот Џо Кол успеа да се впише во листата на стрелци сите помилсија дека се е готово но Тотенхем не го кажа последниот збор.Бербатов намали на 2-3 а Хадлстоун израмни во 75 на 3-3. Најдобриот поединец во редовите на Челзи Џо Кол повторно го донесе Челзи во водство во 79 минута но сепак со едно торпедо Роби Кин ја смести топката позади Кудичини. Кога сите помислија дека тоа е крај на возбудувањата Бербатов во судиското продолжение ќе жали што не успеа од само 5 метри да го совлада Кудичини кој со одличен рефлекс спаси бод за "сините".
Манчестер пак на свој терен ја оправда улогата на фаворит и ја заврши работата уште во првото полувреме со головите на кој друг ако не на Роналдо кој најпрвин донесе водство во 9 минута а во 20 минута со еден свој специјалитет кој самиот го нарекува "торпедо", од 30 метри го совлада голманот на Болтон и води на листата на стрелци пред Торес од Ливерпул.
Posted by Ice at 5:37 AM 0 comments
Labels: Премиер Лига
Friday, March 21, 2008
Арсенал полека го губи "здивот"
Фудбалерите на Арсенал полека но сигурно почнуваат да подлегнуваат под притисокот и да ја губат битката за титулата каде се најзагрозени од шампионот Манчестер Јунајтед и од позадина вицешампионот Челзи.Четврти пат по ред успеа да освои само бод во период кога им се најпотребни бодови.На својот "Емирати" иако ја имаше играта во текот на целиот натпревар прв поведе Мидлзбро преку Алиадиер во 25 минута.По многуте шанси Арсенал успеа да се извлече во финишот и да израмни преку Туре во 86 минута.
На другите натпревари Манчестер, Челзи и Ливерпул потешко од очекувањата славеа врз Дерби, Сандерленд односно Ридинг.
Кај Манчестер повторно јунак беше Кристијано Роналдо кој успеа да го скрши отпорот против Дерби дури во 75 минута по еден пробив на Руни по левата страна кога го вработи прецизно Роналдо а на овој му остана полесната работа.
<
Ливерпул на својот Енфилд Роуд иако беше во негатива по голот на Матејовски во 5 минута Маскерано успеа да израмни брзо во 19 минута а кој друг ако не суперзасилувањето на Ливерпул Фернандо Торес успеа да им донесе три бода во 47 минута.
На стадионот на светлината Челзи упсеа рутинирано да дојде до победата со голот на Џон Тери во 10 минута по корнерот на Лампард со што серизно се вмеша во битката за титулата.
Останати резултати од 30 коло:
Портсмут - Астон Вила 2-0
Вест Хем - Блекбурн 2-1
Фулам - Евертон 1-0
Виган - Болтон 1-0
М.Сити - Тотенхем 2-1
Бирмингем - Нукасл 1-1
Posted by Ice at 6:33 AM 0 comments
Labels: Премиер Лига
Sunday, March 9, 2008
Friday, March 7, 2008
You'll Never Walk Alone
На 12.03.08 ке се дознае и последниот 4/финалниот кандидат во Лигата на шампионите помеѓу Интер и Ливерпул, каде што Интер се надева дека ке ја достигне негативата од 2 гола од првиот нивни дуел.Овој меч е со закаснување од една недела бидејќи законите на УЕФА се такви да не смее да се одиграат два натпревара на еден ист стадион во рок од 24 часа.Мечот започнува во 20:45 на жешкиот терен во Милано, но тоа нема да ѓи спречи фановите на Ливерпул да не допатуваат и да го бодрат својот клуб со нивната традиционална песна, кои ја пејат во свој стил секогаш пред започнувањето и по завршувањето на натпреварот.
Posted by CAKI at 7:49 AM 4 comments
Labels: Премиер Лига
