

Иако во Бундес лигата веќе е сосема јасно прашањето околу новиот првак сепак наша обврска е да ги проследиме уште неколкуте кола кои останаа до крајот на сезоната. Во тој контекст еве ги резултатите кои беа постигнати во рамките на 32 коло од овој шампионат.
06.05.2008
Борусија (Д) - Штудгарт (1-0) 3-2
Бохум - Шалке (0-1) 0-3
Калсрухе - Е. Котбус (0-0) 1-1
Хановер - Ханза (1-0) 3-0
07.05.2008
Хамбургер - Вердер (0-0) 0-1
Баер (Л) - Херта (0-1) 1-2
Баерн (М) - Арминија (1-0) 2-0
Ајнтрахт - Волфсбург (1-2) 2-3
Нинберг - Дуисбург (2-0) 2-0
Сите натпревари беа одиграни со почеток во 20:00h
Thursday, May 8, 2008
32 коло - Германски фудбалски шампионат
Posted by Ronin at 10:56 AM 0 comments
Labels: Бундес Лига
Германски куп

Оваа слика ви ја приложуваме само како потсетување дека Баерн Минхен не само што сезонава ја освои својата 21 титула во Бундес лигата, но и дека овој тим успеа по 14 пат да го освои националниот куп на Германија. Составот од Минхен оваа титула ја освои по победата над Борусија Дортмунт со 2-1, на финалниот меч од Купот кој се одигра на Олимпискиот стадион во Берлин. Инаку на овој натпревар се играа и продолженија од по 15 минути откако во регуларниот дел средбата заврши нерешено 1-1. Погодоците постигнати за време на регуларните 90 минути беа дело на Лука Тони за Баерн и Петриќ за Борусија. Лука Тони исто така го постигна и победоносниот гол за својата екипа во 103 минута од средбата. Навистина, ова беше плодна година за фудбалерите на Баерн!
Честитки од име на НВ СПОРТ-тимот!
Posted by Ronin at 10:39 AM 0 comments
Labels: Бундес Лига
Челзи ќе се бори до крај
Премиер Лигата завршува за четири дена а сеуште не се знае кој ќе биде шампион. Манчестер е тој кој ја има пол-позицијата.
Во 37 претпоследно коло успеа да слави дома против Вест Хем со 4-1.Роналдо беше човек на мечот со два гола а стрелци беа Тевез и Карик.За гостите стрелец беше Дин Ештон.
Сепак Челзи е тој кој се погрижи се да се решава во 38 коло.Со головите на Балак и Малуда славеа на гостувањето кај Њукасл и храбро останаа до крајот во битката за титулата.Дали среќата ќе прати храбрите во последното коло останува да видиме.
Posted by Ice at 4:02 AM 0 comments
Labels: Премиер Лига
Wednesday, May 7, 2008
Ла лига: Ел класико дерби ПОБЕДА НА РЕАЛ



Иако Реал со победата над Осасуна ја осигура титулата сепак Реал ја прослави титулата откако со одличната игра против Барселона победи на домашен терен со неверојатни 4-1.
Екипата на Реал Мадрид уште од првата минута на натпреварот играше подобро и уште во 13 минута дојде во водство со голот на Раул.Осум минути покасно Снајдер ја зголеми предноста на 2-0 и тоа беше резултатот за првото полувреме.
Во второто полувреме Реал продолжи со одличната игра и едноставно беа насекаде на теренот што во 63 минута Игуаин зголеми на 3-о и Ван Нистерлој од пенал зголеми на 4-о.Единствено што може да се спомне за екипата на Барселона е тоа што во 87 минута Анри погоди прекрасен гол за конечни Реал Барса 4-1.
Сега откако екипата на Барселона изгуби од Реал а екипата на Виљареал победи на гости против Рекреативо, Барселона ги изгуби надежите за втората позиција која водеше дирекно во Лигата на Шампионите.
На дното на табелата во најтешка позиција се екипите на Осасуна, Рекреативо и Сарагоса, кои вечерва доживеаа порази, додека Гетафе,Ваљадолид, Валенсија со денешните победи се спасија од дното на табелата.
| FT | Deportivo La Coruna | 1 - 0 | Levante |
| FT | Getafe | 4 - 2 | Almeria |
| FT | Mallorca | 2 - 1 | Osasuna |
| FT | Racing Santander | 0 - 3 | Sevilla |
| FT | Real Betis | 1 - 1 | Valladolid |
| FT | Real Murcia | 1 - 2 | Athletic Bilbao |
| FT | Recreativo Huelva | 0 - 2 | Villarreal |
| FT | Valencia | 1 - 0 | Zaragoza |
| FT | Real Madrid | 4 - 1 | Barcelona |
Posted by ONUR at 4:29 PM 0 comments
Labels: Ла Лига
31 коло - Баерн се закити со двојна круна

Повеќето познавачи на германскиот фудбал се согласуваат дека уште на почетокот на сезоната можеше да се претпостави дека тимот на Баерн ќе доминира на домашната сцена. Откако најпрво го освоија купот во Германија, по одиграното 31 коло, само на три кола до крајот на сезоната фудбалерите на Баерн ја споделија радоста за освоената 21 титула во Германскиот шампионат. И покрај тоа што во мечот одигран во рамките на ова коло, Баерн изигра нерешено на гостински терен против Волфсбург (0-0), сепак 1 бод беше сосем доволен за да се потврди шампионскиот статус. Од останатите натпревари може да се истакне мечот помеѓу Шалке и Хановер кој заврши со резултат 1-1, поради што екипата на Шалке го изгуби 2 место на табелата и ја прокоцка можноста уште сега да си го обезбеди директниот пласман во Лигата на шампионите. Овој ,,кикс'' го искористија фудбалерите на Вердер кои со победата над Енерџи Котбус од 2-0 ја продолжија ,,мртвата трка'' со Шалке за освојување на второто место кое обезбедува излез на европската фудбалска сцена.
Резултати:
Ханза - Хамбургер (0-2) 1-3
Шалке - Хановер (1-1) 1-1
Вердер - Е. Котбус (0-0) 2-0
Арминија - Бохум (0-0) 2-0
Штудгарт - Ајнтрахт (3-0) 4-1
Херта - Карлсрухе (2-0) 3-1
Борусија (Д) - Нинберг (0-0) 0-0
Волфсбург - Баерн (М) (0-0) 0-0
Дуизбург - Баер (Л) (2-1) 3-2
Posted by Ronin at 3:52 AM 0 comments
Фламини пристигна во Милано

Реконструкцијата на актуелниот европски шампион започна.Стандардниот првотимец оваа сезона на Арсенал Метју Фламини ги помина лекарските прегледи во Милан и потпиша четиригодишен договор, а официјално договорот ќе стапи на сила на првиот ден од трансфер периодот - 1 јуни.Во исто време, менаџерот на Џенаро Гатузо, Клаудио Паскалин, потврди дека неговиот клиент не размислува за напуштање на клубот и дека со сигурност ќе остане таму до крајот на кариерата.
како изгледа фламини во акција
Posted by Milanista at 3:24 AM 1 comments
Labels: Калчо Лига
Friday, May 2, 2008
Балак презеде во свои раце
Балак беше човекот кој успеа да го победи Манчестер и да направи притисок на две кола пред крајот.Во 45` го донесе во водство Челзи а откога израмни Руни по катастрофалната грешка на Карваљо во 87` од пенал му ја донесе заслужената победа на Челзи.
Челзи конечно успеа да се изедначи со Манчестер Јунајтед на врвот но дали е тоа закаснето останува да видиме бидејќи на две кола пред крајот Манчестер игра со Вест Хем и Виган а Челзи со Њукасл и Болтон.Ако победи Манчестер и Челзи, Мен-ју ќе бидат шампиони поради подобрата гол разлика.
Posted by Ice at 2:39 AM 0 comments
Labels: Премиер Лига