CLICK HERE FOR THOUSANDS OF FREE BLOGGER TEMPLATES »

Tuesday, May 20, 2008

Интер три пати по ред шампион на Италија,Милан во Уефа Куп по подолго време ,Фиорентина во лига на шампиони,Емполи Парма и Ливорно во понизок ранг!!!



Драматичната завршница на Серија А ја одбележа прославата на Интер во Парма, неуспехот на Милан кој остана без Лигата на шампиони, испаѓањето на Парма во втората лига и нови нереди на навивачите.
Италијаните не памтат ваква неизвесна завршница на Калчото. Во последното коло од Серија А, Интер и Рома одлучуваа за скудетото, нивните противници Парма и Катанија за опстанок, а Милан и Фиорентина за четвртото место и квалификациите во ЛШ.Милан го совлада Удинезе, но победата беше залудна затоа што Фиорентина успеа да слави на гостувањето во Торино. Росонерите победија со 4:1, но наредната сезона, по подолго време, нема да настапуваат во Лигата на шампионите. Догодина Милан сосема заслужено ќе настапува во купот на УЕФА. Фиорентина со погодокот на Освалдо ги освои трите бода кои за прв пат по Батистута и Руи Коста ги водат во Лигата на шампионите.

листа на стрелци:

Alessandro Del Piero Juventus 21 Goals
David Trezeguet Juventus 20 Goals
Marco Borriello Genoa FC 19 Goals
Adrian Mutu Fiorentina 17 Goals
Zlatan Ibrahimovic Inter Milan 17 Goals
Antonio Di Natale Udinese 17 Goals
Ricardo Kaka AC Milan 15 Goals
Carvalha Amauri Palermo 15 Goals
Goran Pandev Lazio 14 Goals
Francesco Totti AS Roma 14 Goals

Супер милано и инзворедниот Пелистер

Привршува уште една сезона во мак прва лига очекувано фаворитот работницки кометал стигна до својата трета шампионска титула. сто се однесува до работнички кометал и не треба многу да се говори, ама затоа сезоната ја одбелезаа битолски Пелистер и кумановски Милано.
за Пелистер што да се каже освен браво момци. одиграа една фантастична сезона со каде што избориа пласман во купот на уефа. добри спонзори квалитетен кадар одлична управа и нормално резултатите се позитивни. им посалувам многу успесен настап во евро натпреварите каде сто ке играат во купот на уефа. другиот клуб сто ја одбелеза сезонат е секако кумановски Милано. во својата прва сезона во мак прва лига стигнаа до вице сампионскато место, додека во купот на Македонија се пласираа во големото финале каде со сампионот работнички ке се борат за својот прв трофеј во нивната како да речам руки сезона. за Вардар не треба многу да се говори истото вази и за ланскиот шампион Победа кои комплетно разочараа , додека другите клубови горе долу избориа реален пласман на табелата. Второлигаши се веке Шкендија и Цементарница, додека за другите две места во понизок ранг ке се решава во последното коло.

Monday, May 19, 2008

Радост и солзи на ,,Алијанц арената''




Во последното 34 коло од овогодинешната сезона во Бундес лигата, новиот шампион Баерн Минхен на домашен терен ја совлада Херта со 4-1, но на ,,Алијанц арена'' исходот од овој натпревар беше ставен во втор план. Фановите на клубот од Минхен овојпат ги преполнија трибините за да се простат со еден од најдобрите голмани на денешницата, Оливер Кан. Со овој натпревар Кан стави крај на неговата неверојатна кариера. Тој во Бундес лигата дебитирал на 27 ноември 1987 година како ,,чувар на голот'' на Калсрухе. Оттогаш цели 14 сезони му е лојален на Баерн Минхен, клуб со кој оствари неверојатни подвизи. Последното коло го означи и заминувањето на Отмар Хицвелд од тренерската позиција во Баерн. Тој со многу емоции се збогуваше од верните навивачи со кои заеднички сподели многу среќни но и тажни моменти. Од наредната сезона Хицвелд ќе работи како селектор на Швајцарската репрезентација. Од другите натпревари одиграни во рамките на последното коло би го издвоиле мечот помеѓу Вердер и Баер (Л). На овој натпревар тимот од Бремен оствари минимална победа од 1-0, со која си го обезбеди второто место на табелата а со тоа и директниот пласман во Лигата на шампионите. Во најелитното фудбалско натпреварување директно учество си обезбеди и првопласираниот Баерн. Тимот на Шалке пак, ќе треба да одигра квалификациони натпревари по кои ќе се знае дали оваа екипа ќе биде дел од ,,Шампионската лига''. Во Купот на УЕФА директно се пласираа тимовите на Хамбургер и Волфсбург кои ги заземаат четвртата односно петата позиција на табелата во Бундес лигата. Шестопласираниот Штудгарт, наредната сезона ќе биде германски претставник во рамките на Интер-тото купот. Последната информација се однесува на податокот дека оваа сезона од Бундеслигата ќе си заминат тимовите на Нинберг, Ханза и Дуисбург а нивното место ќе го заземат екипите на Борусија Менхенгладбах, Хофенхајм 1899 и Келн, тимови кои ги освоија првите три позиции во Втората германска лига.

Останати резултати од последното коло:

Баер (Л) - Вердер (0-0) 0-1
Баерн (М) - Херта (3-0) 4-1
Бохум - Ханза (1-1) 1-2
Борусија (Д) - Волфсбург (1-2) 2-4
Ајнтрахт - Дуисбург (3-0) 4-2
Хамбургер - Карлсрухе (3-0) 7-0
Хановер - Енерџи К. (2-0) 4-0
Нинберг - Шалке (0-1) 1-2
Штудгарт - Арминија (0-1) 2-2

Лам не си заминува од Баерн!


Филип Лам левиот бек на ,,баварците'' стави крај на шпекулациите околу неговиот можен трансфер потпишувајќи нов договор со Баерн Минхен. Медиумите во Германија шпекулираа дека за време на летниот преоден рок Лам ќе се пресели во Барселона, но сепак тој се премисли во последен момент најверојатно поради тоа што неговиот клуб ја освои титулата во Бундес лигата. Лам изјавил дека неговиот сон е да ја освои Лигата на шампионите со Баерн а како што стојат работите тоа може да се случи веќе наредната сезона.

Matteo Bagnaresi ке биде името на трибината Curva Nord во Парма


Навивачите на Парма- "Boys" во договор со управата на клубот донесоа одлука нивната трибина - "Curva nord" на стадионот "Енио Тардини" да се вика "Matteo Bagnaresi". Да се потсетиме ова име го носеше неодамна трагично загинатиот навивач на Парма, кој беше прегазен со автобус по невнимание од навивачите на Јувентус пред мечот при што ако се сеќавате беше одложен поради овој немил настан. Искрено секоја чест на навивачите на Парма ! ! !
R.I.P. Mateo

Инциденти пред мечот Парма-Интер


Навивачите на Интер се судриле со полицијата, но и со домашните навивачи на Парма пред решавачкиот дуел за титулата, односно опстанокот, што на крај се покажа прославување на титулата на нивниот клуб во калчото.Нив и на навивачите на Рома им беа забранети гостувања и присуство на двата натпревара.Но тоа не спречи стотици фанови да пристигнат во Парма и околу 1000 да влезат на стадион. Проблем настанал со оние навивачи кои немале билети и се обиделе да ја пробијат заштитната ограда и да влезат на стадион.Но на тоа реагирала веднаш италијанската полиција смирувајки ги рабеснатите навивачи кои не можеле да се помират со тоа што дека нема да го гледаат нивниот клуб во решавачкиот дуел за титулата.Повреден бил еден домашен навивач, неколку биле приведени.