Оваа слика ви ја приложуваме само како потсетување дека Баерн Минхен не само што сезонава ја освои својата 21 титула во Бундес лигата, но и дека овој тим успеа по 14 пат да го освои националниот куп на Германија. Составот од Минхен оваа титула ја освои по победата над Борусија Дортмунт со 2-1, на финалниот меч од Купот кој се одигра на Олимпискиот стадион во Берлин. Инаку на овој натпревар се играа и продолженија од по 15 минути откако во регуларниот дел средбата заврши нерешено 1-1. Погодоците постигнати за време на регуларните 90 минути беа дело на Лука Тони за Баерн и Петриќ за Борусија. Лука Тони исто така го постигна и победоносниот гол за својата екипа во 103 минута од средбата. Навистина, ова беше плодна година за фудбалерите на Баерн!
Честитки од име на НВ СПОРТ-тимот!
Thursday, May 8, 2008
Германски куп
Posted by Ronin at 10:39 AM
Labels: Бундес Лига
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
0 comments:
Post a Comment