CLICK HERE FOR THOUSANDS OF FREE BLOGGER TEMPLATES »

Wednesday, April 30, 2008

EVE SLIKI OD KAKA ZA ELENA








30 коло во Бундеслигата (преглед)


По одиграното 30 коло во Бундеслигата тимот на Баерн Минхен веќе може да ја прославува својата нова титула во една од најквалитетните фудбалски лиги. Баерн на само четири кола до крајот на шампионатот има позитива од 12 бода во однос на Вердер и Шалке кои со идентичен број на бодови ги заземаат втората односно третата позиција од табелата. Во 30 коло Баерн уште еднаш ја потврди својата доминација во годинешнава сезона нанесувајќи му пораз на актуелниот шампион, тимот на Штудгарт, од 4-1. Инаку за тимот од Минхен ова ќе биде рекордна 21 титула во Бундеслигата.

Резултати од 30 коло:

Баер Леверкузен – Волфсбург (1-2) 2-2

Баерн Минехн – Штутгарт (1-1) 4-1

Бохум – Дуисбург (0-1) 1-1

Котбус – Ханза (0-1) 2-1

Хамбургер – Шалке (0-1) 0-1

Хановер – Херта (2-0) 2-2

Карлсрухе - Вердер (1-2) 3-3

Нирнберг – Арминија (2-0) 2-2

Ајнтрахт Франкфурт - Борусија Дортмунд (0-0) 1-1

Извештај за 29 коло од Германскиот фудбалски шампионат



Во 29 коло од германскиот шампионат тимот на Шалке се ,,извади’’ за катастрофалниот пораз кој минатото коло го доживеа од Вердер. Сега бодрени од сопствените навивачи, фудбалерите на овој клуб успеаа убедливо да го совладаат тимот на Енерџи Котбус со резултат од 5-0. Од овој меч уште би ја споменале и информацијата дека нашиот репрезентативец во тимот од Котбус, Игор Митревски беше заменет кон крајот на првиот дел од натпреварот поради повреда. Инаку стрелци за Шалке беа Да Силва во 31 минута и Курањи со своите четири погодоци во 37, 41, 59 и 80 минута од мечот. И по оваа средба остана убедувањето дека Енерџи Kотбус сезонава игра во многу слаба форма, впрочем тоа може да се согледа и од пласманот на табелата каде што овој тим ,,лебди’’ над ,,критичната зона’’. Од ова коло за издвојување е и победата на Вердер на гостински терен. Имено фудбалерите од Бремен успеаа да извојуваат победа над Ханза со 2-1. На овој натпревар головите за Вердер ги постигнаа Фрингс и Класниќ во 57 односно 82 минута додека пак единствениот погодок за домаќините го постигна Хенге во 76 минута од средбата.

Резултати:

Ханза – Вердер (0-0) 1-2

Херта – Хамбургер (0-0) 0-0

Волфсбург – Бохум (0-0) 0-1

Шалке – Енерџи (К) (3-0) 5-0

Ајнтрахт – Баерн (М) (1-0) 1-3

Арминија – Баер (Л) (0-0) 1-0

Штудгарт – Нинберг (3-0) 3-0

Борусија (Д) – Хановер (0-2) 1-3

Дуисбург – Калсрухе (0-0) 0-1

Tuesday, April 29, 2008

Да и вака понекогаш се игра фудбал :>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>






Saturday, April 26, 2008

За Кума Слики Од Дрогба-----> Се надевам дека ќе ти се допаднат





Wednesday, April 23, 2008

Манчестер "киксна" за титула???

Новото коло во Премиер Лигата донесе доста неизвесност со што трката за титулата стана неизвесна но во корист на Мен-ју.
Челзи не дозволи ново изненадување по она со Виган и со голот на Есјен донесе три бода и ги притисна Манчестер на само два бода.
Манчестер под притисок патуваше на госувањето на Ивуд Парк каде се покажа дека Блекбурн нема да се откаже од трите бода така лесно.По грешката на Видич и Фердинанд Роке Санта Круз беше тој што го расипа расположението на сер Алекс Фергусон со погодок за водство од 1-0 на Блекбурн.Очекувано Манчестер даде гас и почна да го торпедира голот на Блекбурн каде голманот Фридел правеше чуда со своите интервенции.Сепак по еден непостоечки корнер Тевез беше херојот кој донесе бод за Манчестер во 88` со што во следното коло ќе гостуваат на Стемфорд Бриџ со три бода предност и подобра гол разлика.Челзи ќе мора да победи на сите три преостанати натпревари а Манчестер да киксне на уште некоја доколку изгуби во Лондон на 26 април.
Останати резултати:
Фулам - Ливерпул 0-2
Арсенал - Ридинг 2-0
Астон Вила - Бирмингем 5-1
Њукасл - Сандерленд 2-0
Манчестер Сити - Портсмут 3-1
Виган - Тотенхем 1-1
Мидлзбро - Болтон 0-1
Вест Хем - Дерби 2-1

Tuesday, April 22, 2008

Што ќе биде со Роналдињо?



Откако Каталонскиот тим соопшти дека цената на Роналдињо изнесува 35 милиони евра, Претставниците на Милан и на Интер ги стопираа преговорите со Барселона.Претставниците на Милан и на Интер изјавија дека цената на Роналдињо е превисока и дека немаат намера да платат толку висока сума за него.Иако Роналдињо очајнички сака да си замине од клубот сепак ќе треба да почека за тоа, затоа што Каталонскиот тим не сака така лесно да се ослободи од него.


Wednesday, April 16, 2008

The real football factory - Balkan part 6

Убиен навивач од Нови Сад...


Еден од навивачите на Војводина е убиен во синоќешната престрелка помеѓу навивачите на Војводина и Партизан на железничката станица во Футог во близина на Нови Сад. Според сеуште непотврдени информации, тепачката била договорена однапред и започната била во 22:30 часот. Во неа еден од навивачите на Партизан извадил пиштол и го убил 27-годишниот Дејан Д., а во коленото ранил и уште еден 17-годишен навивач.
Овој немил настан се поврзува со инцидентот во Нови Сад овој викенд кога имаше 4 повредени и 30 приведени навивачи.
Во последните три години ова е осмото убиство во Србија кое се поврзува со навивачите, тогаш беа двајца избодени со нож, еден убиен во воз и еден беше погоден со ракета.

Tuesday, April 15, 2008

Ла лига: Реал на пат кон титулата
















Екипата на Реал може да здивне и се на пат да го повторат ланскиот успех откако екипите кои се борат за титулата не успеаа да постигнат победа.Реал успеа да ја совлада екипата на Реал Мурсија со минимални 1:0 додека екипата на Барселона не можеше да стигне до 3 бода на свој терен против екипата на Гетафе.






Monday, April 14, 2008

Лидерот со ,,петарда''


Фудбалерите на Баерн Минхен успеаа да го ,,петардираат" тимот на Борусија од Дортмунд. Иако се сметаше дека пулените на Хицвелд ќе бидат преморени поради исцрпувачкиот меч кој го одиграа со Гетафе во рамките на купот на УЕФА, сепак тие со пет погодоци ја наполнија мрежата на гостинскиот тим. Најдобриот стрелец во германскиот шампионат, Лука Тони придонесе за убедливата победа со два погодоци додека пак за другите голови беа заслужни:
Подолски, Отл и Зе Роберто. Со оваа победа Баерн си обезбеди позитива од десет бода во однос на второпласираниот Вердер.
Тимот на Баер Леверкузен со 3-0 го совлада актуелниот шампион Штудгарт преку головите на Кислинг и Ролфес кој на два пати беше стрелец за ,,фармацефтите".

Бундеслига (28 коло)




Најголем печат на 28 коло во германскиот шампионат остави средбата помеѓу тимовите на Вердер и Шалке, на која тимот од Бремен го понижи гостинот со убедлив резултат од 5-1.
Со оваа висока победа фудбалерите на Томас Шаф најавија дека се уште сериозно размислуваат за освојување на второто место од табелата, кое обезбедува директен пласман во Лигата на шампионите. На овој натпревар веќе по 30 минути игра составот на Вердер имаше водство од 2-0 кое го обезбеди преку головите на Бауман и Саного. Потоа благодарение на погодокот на Курањи, Шалке успеа да ги сочува надежите за поволен резултат на овој дуел, но за жал тоа беше единствениот погодок за тимот од Гелзенкирхен на оваа средба. До крајот во листата на стрелците се запишаа Розенберг и на два пати Класниќ за конечен резултат од 5-1.
Тимот на Хамбургер ја загуби третата позиција во првенството откако пред сопствените гледачи доживеа минимален пораз од Дуизбург (0-1). Стрелец за гостинскиот тим беше Ивица Грлиќ во 54 минута од средбата.
Од 28 коло во германското првенство за издвојување е и податокот дека петочната средба помеѓу составите на Нинберг и Волфсбург, беше прекината при резултат 1-0 за домаќинот поради обилните врнежи од дожд.


Резултати (28 коло) :
Нинберг - Волфсбург (прек) 1-0
Вердер - Шалке (2-1) 5-1
Хановер - Ајнтрахт (1-1) 2-1
Карлсрухе - Ханза (0-1) 1-2
Енерџи (К) - Арминија (0-0) 1-0
Хамбургер - Дуизбург (0-0) 0-1
Бохум- Херта (1-1) 1-1
Баерн (М) - Борусија (Д) (4-0) 5-0
Баер (Л) - Штудгарт (2-0) 3-0

Sunday, April 13, 2008

Tose Proeski Makedonija Naviva Za Vas Video

Да тој имаше неверојатен ангелски глас кој што никогаш нема да го заборавиме, но ние и ке го памтиме како голем спортист кој што ќе биде засекогаш меѓу нас, почивај во мир те сака нвспорт.





Saturday, April 12, 2008

Тандем за нова ера во Ливерпул???




Дали овој тандем значи нова ера во Ливерпул?Тоа можеби не се гледа во Премиер Лигата но во Лига на шампиони и тоа како им оди.Двајцата се класа се надополнуваат еден со друг а и се приметува другарството помеѓу нив.Торес ќе каже:"Стивен е прав лидер на теренот и знае да не мотивира само со неговото присуство".Ниту пак Жерард не штеди зборови за Торес."Тој е голем играч,има кариера пред него,ме потсетува на Јан Раш славен поранешен фудбалер на Ливерпул,мислам дека ќе биде и подобар од него".

Friday, April 11, 2008

Преглед на 27 коло




По 27 коло во Бундеслигата, Шалке се наоѓа на второто место на табелата откако на домашен терен ја совлада Ханза со 1-о. Тимот на Хамбургер пак, со истиот резултат загуби на гостувањето во Штудгарт. По ова коло Шалке заостанува со шест бода зад лидерот Баерн Минхен.
Голот за екипата од Гелзенкирхен го постигна турскиот репрезентативец Халил Алтинтоп во 52 минута. Тој воедно беше и најдобриот поединец на мечот а секако во преостанатиот период ќе биде и предводник во обидот Шалке да го достигне лидерот Баерн.
Актуелниот шампион Штудгарт иако играше без својот најдобар фудбалер Марио Гомез успеа да забележи победа во дуелот со Хамбургер (1-0).
Вердер на гостувањето во Берлин успеа да ја совлада Херта со 2-1 и конечно успеа да ја скрши серијата од четири дуели на кои освојуваше само по еден бод.


Резултати од 27 коло:

Дуисбург - Енерџи К. 0-1
Шалке - Ханза 1-0
Херта - Вердер 1-2
Арминија - Калсрухе 1-0
Штудгарт - Хамбургер 1-0
Ајнтрахт - Нинберг 1-3
Волфсбург - Хановер 3-2

Tuesday, April 8, 2008

Боро изигра за ЧЕЛЗИ

На 5 кола пред крајот трката за титулата стана понеизвесна кога Манчестер ремизираше на Риверсајд а Челзи победи на Сити Граунд во Манчестер.
Челзи со автоголот на Дан и голот на Саломон Калу го притиска Манчестер на втората позиција со само 3 бода негатива во однос на лидерот.
Дербито на Арсенал и Ливерпул кое заврши 1-1 со головите на Крауч и на Бендтнер помина во сенка во супер зимскиот дуел на Боро и Мен-ју каде лидерот спаси бод.Манчестер поведе преку Роналдо а засилувањето Алфонсо Алвес најпрвин израмни а потоа и го доведе во водство на Боро.Израмни Вејн Руни а во самиот финиш Тунчај пропушти шанса да го победи Манчестер.
Останати резултати:
Фулам - Сандерленд 1-3
Вила - Болтон 4-0
Њукасл - Ридинг 3-0
Виган - Бирмингем 2-0
Блекбурн - Тотенхем 1-1
Евертон - Дерби 1-0

Thursday, April 3, 2008

Фенербахче не знае што е пораз на домашен терен

Екипата на Фенербахче победи на сите одиграни натпревари на стадионот Şükrü Saracoğlu во Лигата на Шампиони оваа сезона.

Фенербахче-Интер 1:о



Фенербехче-ПСВ 2:0




Фенербахче-ЦСКА 3:1



Фенербахче-Севиља 3:2



Фенербахче-Челзи 2:1

Wednesday, April 2, 2008

The real football factory - Balkan part 5

Serie A Bloopers :):):):):)!!!!!!!!

Watch with sound.Recomended

Tuesday, April 1, 2008

Ѓаволите ја "сварија" Вила

Тоа што беше навидум лесно за Манчестер не беше воопшто лесно за Челзи и Арсенал.
На домашен терен Мен-ју ја одржа предноста од 5 во однос на Челзи и 6 бода во однос на Арсенал.Човек на натпреварот беше секако Кико.Со многу атрактивен гол го доведе Манчестер во водство во 17 минута.Го пстина 35-иот гол оваа сезона во 35-иот натпревар.Но тука не беше крајот.Во 33` му асистираше на Тевез за два нула а откако Руни зголеми на 3-0, во 70` повторно асистираше до Руни за конечни 4-0.
Челзи со голот на Карвалјо оствари победа од 1-0 над Боро но двапати пречката и еднаш стативата беа сојузници на Челзи.
Таму каде беше најинтересно на Рибок се случи чудо кога Арсенал со 2 гола негатива и човек помалку успеа да слави во самиот финиш.Со двата гола на Тејлор,Болтон водеше на полувреме а и имаше човек повеќе на теренот.Во второто полувреме откако не успеа да ја завери победата на ред дојде Арсенал.Влегоа во игра Волкот и Адебајор и се се смени.Најпрвин намали Галас по еден корнер и кикс на Иван Кампо а во 68` од пенал израмни Ван Перси.Арсенал почна да ја игра својата игра и во финишот беа наградени за храбрата игра кога Фабрегас во 90` шутираше а таа се одби од двајца и влезе во мрежата.
Ливерпул на Енфилд со голот на гол-машината Торес победи во градското дерби на Мерсисајд со еден нула во директниот дуел за 4 место.
Останати резултати:
Тотенхем - Њукасл 1-4
Бирмингем - Сити 3-1
Сандерленд - Вест Хем 2-1
Ридинг - Блекбурн 0-0
Дерби - Фулам 2-2
Портмсут - Виган 2-0
Премиер Лига Pts
1 Man United 76
2 Chelsea 71
3 Arsenal 70
4 Liverpool 62
5 Everton 57
6 Portsmouth 53
7 Blackburn 50
8 Aston Villa 49
9 Man City 49
10 West Ham 44
11 Tottenham 39
12 Newcastle 35
13 Middlesbrough 34
14 Sunderland 33
15 Reading 32
16 Wigan 31
17 Birmingham 30
18 Bolton 26
19 Fulham 24
20 Derby 11

Швајнштајгер: ,,За Подолски е најдобро да си замине"




Соиграчот на Лукас Подолски во Баерн Минхен- Бастијан Швајнштајгер, изјави дека за неговиот клубски колега би било најдобро да си замине од ,,Алијанц Арената". Швајнштајгер во медиумите изрази загриженост дека доколку Подолски продолжи да ја грее клупата на ,,Баварците'', ќе ја испушти шансата да се развие во првокласен голгетер. Според Швајнштајгер, Подолски веќе еднаш ја пропуштил можноста за заминување кога одбил сума од 20 милиони фунти но истовремено тој смета дека се уште не е доцна за неговиот колега да направи трансфер во некој друг елитен клуб.

Бундес лига (резултати од 26 коло)



Ханза - Волфсбург: (0-0) 0-1
Бохум - Борусија (Д): (3-2) 3-3
Хамбургер - Арминија: (0-0) 1-1
Калсрухе - Шалке: (0-0) 0-0
Баер (Л) - Ајнтрахт: (0-1) 0-2
Нинберг - Баерн (М): (1-0) 1-1
Вердер - Дуизбург: (0-2) 1-2
Хановер - Штудгарт: (0-0) 0-0
Е. Котбус - Херта: (1-1) 2-1

Пизаро во Вердер?


Напаѓачот на Челзи, Клаудио Пизаро следната сезона можеби повторно ќе заигра во германското фудбалско првенство. Чилеанскиот репрезентативец со сигурност ќе замине од Челзи а медиумите шпекулираат дека негова наредна дестинација најверојатно ќе биде Вердер. Пизаро еднаш веќе има играно за тимот од Бремен во сезоната 1999-2000 додека пак пред да дојде во тимот на Челзи тој играше во дресот на минхенски Баерн.

Вердер во криза !?





Во германскиот шампионат и во 26 коло тимот на Вердер продолжи со слабата игра. Екипата од Бремен не успева да забележи победа веќе на четири натпревари по ред, а овој пат загуби на домашен терен од аутсајдерот Дуизбург со 1-2. Гостите подготвени влегоа во овој меч и ја искористија опуштеноста на фудбалерите на Вердер. По првото полувреме, Дуизбург имаше водство од 0-2 благодарение на головите на Грлиќ и на Ишиаку, а до крајот домаќините успеаа да постигнат почесен гол преку својот најдобар фудбалер Диего.

Лидерот Баерн се спаси од пораз на теренот на Нинберг и изигра нерешено 1-1. Домаќините го отворија резултатот во финишот од првиот дел, со прекрасниот погодок на Масимовиќ, а спасител на Баварците беше резервистот Лукас Подолски.

Фармацевтите од Леверкузен неочекувано загубија на домашен терен од Ајнтрахт со 0-2. Првиот погодок за гостите беше всушност автогол на напаѓачот Штефан Кислинг а во вториот дел тие си ја осигураа победата преку голот на Мацинос.

Тимот на Хамбургер пак и по 26 коло остана осамен на второто место од табелата, иако одигра 1-1 на домашен терен против Арминија.