Фудбалерите на Баерн Минхен успеаа да го ,,петардираат" тимот на Борусија од Дортмунд. Иако се сметаше дека пулените на Хицвелд ќе бидат преморени поради исцрпувачкиот меч кој го одиграа со Гетафе во рамките на купот на УЕФА, сепак тие со пет погодоци ја наполнија мрежата на гостинскиот тим. Најдобриот стрелец во германскиот шампионат, Лука Тони придонесе за убедливата победа со два погодоци додека пак за другите голови беа заслужни:
Подолски, Отл и Зе Роберто. Со оваа победа Баерн си обезбеди позитива од десет бода во однос на второпласираниот Вердер.
Тимот на Баер Леверкузен со 3-0 го совлада актуелниот шампион Штудгарт преку головите на Кислинг и Ролфес кој на два пати беше стрелец за ,,фармацефтите".
Monday, April 14, 2008
Лидерот со ,,петарда''
Posted by Ronin at 9:52 AM
Labels: Бундес Лига
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
0 comments:
Post a Comment