CLICK HERE FOR THOUSANDS OF FREE BLOGGER TEMPLATES »

Friday, March 28, 2008

The real football factory - Balkan part 4

Thursday, March 27, 2008

Александре Пато со гол го прослави дебитантскиот настап

Со неговиот прекрасен погодок репрезентацијата на Бразил ја совлада Шведска со 1:0.




Wednesday, March 26, 2008

Финална листа на топ 5 стрелци во Бундес лигата (сезона 2007/2008)

24 гола - Лука Тони (Баерн М.)

19 гола - М. Гомез (Штудгарт)

15 гола - Курањи (Шалке 04)

14 гола - Олиќ (Хамбургер)

14 гола - Розенберг (Вердер)



Краток преглед на 25 коло во Германскиот шампионат






Иалијанецот во дресот на Баерн, Лука Тони имаше главна улога при триумфот од 2-1 што неговиот тим го забележа во дуелот со Баер Леверкузен. Тони на двапати успеа да го совлада младиот Адлер, кој и покрај примените голови се покажа во добро светло на оваа средба. Голот за гостите од Леверкузен го постигна Буликин на десетина минути пред крајот на мечот. Од другите натпревари издвојуваме дека актуелниот шампион, тимот на Штудгарт ја оправда улогата на фаворит во мечот со Ханза, декласирајќи ја екипата од Рошток со 4-1. Осебено интересно беше и на дуелот помеѓу Волфсбург и Хамбургер, кој заврши без победник 1-1. Гостите поведоа со голот на Рајнхард во првото полувреме, но ,,волците'' благодарение на максимално ангажираната игра дојдоа до заслужен бод благодарение на погодокот на Даниел Љубоја.

Дрогба удри по "топот" на Арсенал

Двете неделни дерби натпревари поминаа во знакот на домакините.Додека на Олд Трафорд беше очигледна играчката и резултатската надмоќност на Мен-Ју, далеку понеизвесен и попеколен финиш ни овозможија Челзи и Арсенал.
На Олд Трафорд дел од работата беше завршена уште во првото полувреме кога по убавите шанси на Вејн Руни по една негова нафрлена топка од левата страна налета Вест Браун искористувајќи го киксот на Реина кој имаше неколку несигурни интервенции, и го доведе Манчестер во водство во 34`. Но тоа беше само увертира во она што навистина го промени текот на натпреварот.Во 44` Маскерано поради приговор доби втор жолт и судијата Бенет го испрати во соблекувалната.Останува прашањето дали требаше судијата да го направи тоа и колку намерно или случајно влијаеше во понатамошниот тек од натпреварот.Во второто полувреме иста слика, безброј напади на Мен-Ју и експлодираа Роналдо и Нани во 79 и 81` за конечни 3-0."Бабел беше во близина и го прашав што се случило а тој рече дека Маскерано само прашал зошто Торес добил жолт картон.Не требаше да го направи тоа Бенет-рече Бенитез по натпреварот".
На "Стенфорд Бриџ" Челзи одигра уште еден супер интересен меч но овој пат во своја корист.Атмосферата прекрасна како и секогаш, стадионот исполнет до последно место, остануваше на играчите да му дадат посебен шмек на натпреварот.Во првото полувреме бе скромни шансите на двете страни.Но затоа во второто полувреме дефанзивецот на Арсенал Санја во 59` се погрижи за штама на Стенфорд Бриџ.По ударот на Фабрегас од аголот со глава успеа да ја протне топката помеѓу стативата и Кудичини.За момент се надѕираше првиот пораз на Челзи дома по 78 натпревари.Аврам Грант често беше критикуван дека неможе да победи екипа од големата четворка и дека не знае како да направи измени кога е потребно.Грант повторно презема ризик и ги уфрли Белети и Анелка а разочарано Балак го напушти теренот незадоволен од одлуката на Грант веднаш замина во соблекувалните.Влегувањето на Анелка внесе свежина во нападот на што одговори Дидие Дрогба и презема се во своите раце и најпрвин израмни а потоа во 81` го доведе во водство Челзи.Во финишот имаше можност за хет-трик но одбрани Алмунија.
Останати резултати од 31 коло:
2008-03-22 Reading 2 (1-0) 1 Birmingham
2008-03-22 Newcastle 2 (1-0) 0 Fulham
2008-03-22 Blackburn 3 (2-1) 1 Wigan
2008-03-22 Bolton 0 (0-0) 0 Man City
2008-03-22 Everton 1 (1-0) 1 West Ham
2008-03-22 Middlesbrough 1 (1-0) 0 Derby County
2008-03-22 Aston Villa 0 (0-0) 1 Sunderland
2008-03-22 Tottenham 2 (0-0) 0 Portsmouth

Premier League табела:
нат. бод.
1 Man Utd 31 73
2 Chelsea 31 68
3 Arsenal 31 67
4 Liverpool 31 59
5 Everton 29 51
6 Portsmouth 31 50
7 Aston Villa 31 49
8 Blackburn 31 49
9 Man City 30 49
10 West Ham 31 44
11 Tottenham 31 39
12 Middlesbrough 31 34
13 Newcastle 30 32
14 Wigan 31 31
15 Reading 31 31
16 Sunderland 31 30
17 Birmingham 31 27
18 Bolton 31 26
19 Fulham 31 23
20 Derby County 31 10

Идно коло:
Birmingham City v Manchester City
Bolton Wanderers v Arsenal
Chelsea v Middlesboro
Derby County v Fulham
Liverpool v Everton
Manchester United v Aston Villa
Portsmouth v Wigan Athletic
Reading v Blackburn Rovers
Sunderland v West Ham United
Tottenham Hotspur v Newcastle United

Tuesday, March 25, 2008

The real football factory - Balkan part 3

Always look on the bright sight of life :>>>>>>>>>>>>>

Monday, March 24, 2008

Ла Лига: Валенсија славеше на Бернабе




Откако екипата на Валенсија славеше над Барселона на Кралскиот куп, вчера со одлична игра го изненади и Реал.Екипата на Валенсија поведе со голот на Виља во 33 минута но сепак Реал набрзо возврати, а стрелец беше Раул кој со глава ја погоди мрежата на Хилдебранд.
Во продолжението, Реал дојде во предност во 55 минута со вториот гол на Раул.Иако се милсеше дека Реал го доби натпреварот но Валенсија сепак не се предаде. По еден дуел на Силва и Канаваро досуден беше пенал кој Виља со презицен удар го претвори во гол.Во 88 минута со преклрасен соло продор поентираше Аризменди за конечни Реал Мадрид-Валенсија 3:2.



Екипата на Барселона го искористи киксот на Реал Мадрид, на свој терен славеше над екипата на Ваљадолид со неверојатни 4:1, па предноста над Барселона сега е намалена на само 4 бодови.


Oстанати Резултати:

FTMallorca1 - 0Deportivo La Coruna

FTSevilla1 - 2Atletico Madrid


FTBarcelona4 - 1Valladolid

FTLevante1 - 2Villarreal

FTOsasuna0 - 1Real Betis

FTRacing Santander2 - 0Recreativo Huelva

FTReal Murcia4 - 0Espanyol

FTZaragoza1 - 1Almeria

FTReal Madrid2 - 3Valencia

FTAthletic Bilbao1 - 0Getafe

Sunday, March 23, 2008

Челзи го ,,мерка" Гомез

Напаѓачот на Штудгарт, Марио Гомез им објави на медиумите во Германија дека англискиот прволигаш Челзи е заинтересиран за неговите услуги. Скаути на фудбалскиот гигант во изминатиот период ја следеле играта на германскиот репрезентативец и испратиле позитивни извештаи до менаџерот на Челзи. Англиските медиуми информираат дека постои можност Челзи да испрати понуда за Гомез при што тој би пристигнал на ,,островот" како замена за Дидие Дрогба.

Серија А 30 коло-Јувентус го изгоре Интер,Торино Тероризиран од "СуперПато",Рома го победи Емполи со играч помалку!!!




Заслужената побада на Јувентус против Интер ја направи трката за скудетото поинтересна.Сега разликата помеѓу Интер и Рома е само 4 бода,додека Фиорентина со победата против Лацио ја задржа предноста од 4 бода пред Милан кој исто така издвојуваше победа против Торино.Продолжува трката за место во лигата на шампионите меѓу Фиорентина и Милан како и борбата за скудето помеѓу Интер и Рома.

highlights Inter - Juventus 1 - 2


30 коло резултати

FTAS Roma2 - 1Empoli

FTAtalanta0 - 0Catania

FTFiorentina1 - 0Lazio

FTPalermo2 - 3Genoa

FTReggina1 - 1Napoli

FTSampdoria1 - 1Cagliari

FTSiena2 - 0Parma

FTTorino0 - 1AC Milan

FTUdinese2 - 0Livorno

FTInter Milan1 - 2Juventus

31 коло се среќаваат

saturday 29 march, 20:30, Lazio-Inter
saturday 18:00, Cagliari-Roma
sunday 15:00,Catania-Torino
sunday 15:00,Empoli-Sampdoria
sunday 15:00,Genoa-Reggina
sunday 15:00,Juventus-Parma
sunday 15:00,Livorno-Siena
sunday 15:00,Milan-Atalanta
sunday 15:00,Udinese-Fiorentina
sunday 20:30, Napoli-Palermo


табелата во моментов

Team Matches At Home Away Goal

Pts Plyd Won Draw Losses Won Draw Losses Won Draw Losses GS GA
Inter Milan 68 30 20 8 2 13 2 1 7 6 1 56 20
Roma 64 30 19 7 4 12 2 1 7 5 3 54 29
Juventus 58 30 16 10 4 9 4 2 7 6 2 51 25
Fiorentina 53 30 15 8 7 9 3 3 6 5 4 44 29
Milan 49 30 13 10 7 4 7 3 9 3 4 44 25
Udinese 47 30 13 8 9 7 4 4 6 4 5 39 38
Sampdoria 46 30 13 7 10 8 6 1 5 1 9 42 37
Genoa 39 30 10 9 11 6 4 5 4 5 6 36 43
Atalanta 38 30 9 11 10 6 7 2 3 4 8 44 43
Lazio 37 30 9 10 11 8 2 5 1 8 6 36 38
Napoli 37 30 10 7 13 8 3 4 2 4 9 40 44
Palermo 36 30 9 9 12 6 6 3 3 3 9 39 48
Siena 35 30 8 11 11 5 7 3 3 4 8 33 38
Torino 31 30 5 16 9 4 7 4 1 9 5 30 37
Parma 29 30 6 11 13 6 5 4 0 6 9 35 47
Catania 29 30 6 11 13 6 5 3 0 6 10 24 36
Livorno 28 30 6 10 14 3 7 5 3 3 9 29 45
Reggina 27 30 5 12 13 5 5 6 0 7 7 27 43
Empoli 26 30 6 8 16 4 6 5 2 2 11 24 43
Cagliari 25 30 7 7 16 6 3 6 1 4 10 27 46

Резултати од 25 коло во Германското првенство:



Франкфурт - Е. Котбус - (0-0) 2-1
Нинберг - Бохум - (1-1) 1-1
Штудгарт - Ханза - (0-0) 4-1
Волфсбург - Хамбургер - (0-1) 1-1
Борусија (Д) - Калсрухе - (1-0) 1-1
Дуисбург - Хановер - (0-1) 1-1
Баерн (М) - Баер (Л) - (1-0) 2-1
Херта - Шалке - (0-2) 1-2
Арминија - Вердер - (1-0) 1-1

Ла лига: Атлетико подобар од Севиља


Екипата на Атлетико Мадрид со победата од 2:1 на гостински терен, е во голем чекор да осигура пласман во Лигата на Шампионите.Екипата на Атлетико Мадрид поведе со голот на Макси Родригез и по овој погодог екипата на Севиља ја презеде иницијативата но не успеа да постигне гол во првото полувреме.
Второто полувреме започна пеколно, па по само 3 мин игра Севиља успеа да ја затресе мрежата на противничкиот гол.Севиља играше одлично во второто полувреме и се очекуваше комплетен пресврт но во 57 минута Агуре постигна гол за Ателтико повторно да дојде во водство.Клучниот момент се случи само по две минути од голот на Агуеро. По еден старт на средината на теренот, Мареска во бес, со глава го удри по нос Агуеро, по што судијата заслужено му го покажа патот кон соблекувалната.Во останатиот дел од натпреварот, гостите без никакви проблеми и со играч повеќе, го зачуваа водството, со што уште повеќе го зацврстија местото кое води во Лигата на Шампионите.

Rезултати:

FTMallorca1 - 0Deportivo La Coruna

FTSevilla1 - 2Atletico Madrid


Денешни натпревари :

FTBarcelona4 - 1Valladolid

FTLevante1 - 2Villarreal

FTOsasuna0 - 1Real Betis

FTRacing Santander2 - 0Recreativo Huelva

FTReal Murcia4 - 0Espanyol

FTZaragoza1 - 1Almeria

FTReal Madrid2 - 3Valencia

FTAthletic Bilbao1 - 0Getafe

Saturday, March 22, 2008

Двојки за 25 коло од Бундес лигата:


Ајнтрахт - Е. Котбус
Баерн (М) - Баер (Л)
Волфсбург - Хамбургер
Нинберг - Бохум
Дуизбург - Хановер
Борусија (Д) - Карлсрухе
Штудгарт - Ханза
Херта - Шалке
Арминија - Вердер

Овие натпревари ќе се одиграат во сабота и недела (22/23 03. 2008).Резултатите од мечевите ќе бидат објавени во текот на утрешниот ден заедно со уште неколку интересни информации од Германскиот шампионат.

Табела од Германското фудбалско првенство во пресрет на 25 коло

1. Баерн (М) - 50
2. Хамбургер - 45
3. Баер (Л) - 44
4. Вердер - 43
5. Шалке - 41
6. Штудгарт - 38
7. Волфсбург - 36

8. Ајнтрахт - 36
9. Карлсрухе -36
10. Хановер - 33
11. Херта - 32
12. Бохум - 31
13. Борусија (Д) - 29
14. Ханза - 24
15. Е. Котбус - 20
16. Арминија - 20
17. Нинберг - 18
18. Дуизбург - 18

"Жешко" во Англија на врвот


Тоа што не смее да се пропушти овој викенд се секако двата дерби натпревари во Англија помеѓу Челзи-Арсенал и Манчестер-Ливерпул во кои Манчестер влегува со три бода предност пред второпласираниот Арсенал а пет во однос на Челзи.Ова е шанса Манчестер да ја зголеми предноста во однос на конкурентите за титулата но ништо не се знае кога е во прашање Ливерпул.Челзи пак со евентуална победа ќе се искачат на второто место но Арсенал веќе четири натпревари нема победа и сигурно нема да се брани на "Стенфорд Бриџ" каде Челзи е неприкосновен во Премиер Лигата.

"Голеада" на Вајт Харт Лејн!!!

Фудбалерите на Челзи по оној трилер меч со Астон Вила на свој терен на своите фанови им подари уште еден инфаркт натпревар на со Тотенхем на гости каде што и покрај тоа што поведуваше трипати на крај успеа да спаси дури само бод.
На почетокот се тргна добро за Челзи кога поведе уште во 3 минута со голот на Дрогба но Вудгејт се погрижи за поинтересен тек на натпреварот израмнувајќи со удар со глава во 12 минута.Челзи сепак успеа на полувреме да однесе предност од 2-1 по одличниот пробив на Џо Кол кога Есјен успеа да ја смести топката во мрежата во 20 минута.Кога и самиот Џо Кол успеа да се впише во листата на стрелци сите помилсија дека се е готово но Тотенхем не го кажа последниот збор.Бербатов намали на 2-3 а Хадлстоун израмни во 75 на 3-3. Најдобриот поединец во редовите на Челзи Џо Кол повторно го донесе Челзи во водство во 79 минута но сепак со едно торпедо Роби Кин ја смести топката позади Кудичини. Кога сите помислија дека тоа е крај на возбудувањата Бербатов во судиското продолжение ќе жали што не успеа од само 5 метри да го совлада Кудичини кој со одличен рефлекс спаси бод за "сините".


Манчестер пак на свој терен ја оправда улогата на фаворит и ја заврши работата уште во првото полувреме со головите на кој друг ако не на Роналдо кој најпрвин донесе водство во 9 минута а во 20 минута со еден свој специјалитет кој самиот го нарекува "торпедо", од 30 метри го совлада голманот на Болтон и води на листата на стрелци пред Торес од Ливерпул.

Friday, March 21, 2008

Serie A Secrets!!!!! :):)

Арсенал полека го губи "здивот"

Фудбалерите на Арсенал полека но сигурно почнуваат да подлегнуваат под притисокот и да ја губат битката за титулата каде се најзагрозени од шампионот Манчестер Јунајтед и од позадина вицешампионот Челзи.Четврти пат по ред успеа да освои само бод во период кога им се најпотребни бодови.На својот "Емирати" иако ја имаше играта во текот на целиот натпревар прв поведе Мидлзбро преку Алиадиер во 25 минута.По многуте шанси Арсенал успеа да се извлече во финишот и да израмни преку Туре во 86 минута.
На другите натпревари Манчестер, Челзи и Ливерпул потешко од очекувањата славеа врз Дерби, Сандерленд односно Ридинг.

Кај Манчестер повторно јунак беше Кристијано Роналдо кој успеа да го скрши отпорот против Дерби дури во 75 минута по еден пробив на Руни по левата страна кога го вработи прецизно Роналдо а на овој му остана полесната работа.
<
Ливерпул на својот Енфилд Роуд иако беше во негатива по голот на Матејовски во 5 минута Маскерано успеа да израмни брзо во 19 минута а кој друг ако не суперзасилувањето на Ливерпул Фернандо Торес успеа да им донесе три бода во 47 минута.
На стадионот на светлината Челзи упсеа рутинирано да дојде до победата со голот на Џон Тери во 10 минута по корнерот на Лампард со што серизно се вмеша во битката за титулата.
Останати резултати од 30 коло:
Портсмут - Астон Вила 2-0
Вест Хем - Блекбурн 2-1
Фулам - Евертон 1-0
Виган - Болтон 1-0
М.Сити - Тотенхем 2-1
Бирмингем - Нукасл 1-1

Валенсија ја совлада Барселона!!!

















Вчера со одлична игра екипата на Валенсија успеа да ја совлада екипата на Барселона со резултат 3-2.Првиот натпревар помеѓу овие два ривала заврши со резултат од 1-1 па со гол предност екипата на Валенсија успеа да се избори за место во финалето каде ги чека екипата на Гетафе.Екипата на Велинсија прва дојде во вoдство преку одличниот гол на Рубен Бараја 18 минута додека во 44 минута младиот Мета успеа да постигне уште еден гол за Валенсија, па екипата на Валенсија на полувремето замина со два гола предност.
Второто полувреме започна пеколно, па дури во 71 минута резервистот Анри успеа да намали на 2-1, но радоста на Каталонците не траеше долго , бидејки младиот Мета за само една минута успеа да погоди и да го постигне својот втор погодок , за конечни 3-2 успеа погоди Самуел Ето на десет минути пред крајот но не успеа да го спаси својот тим од пораз.

Thursday, March 20, 2008

29 коло Серија А затворено.Интер задржан од Џенова,Милан совладан од Сампдорија!!!



Милан поразен на домашен терен до 25 минута,после повредата на Кака' во 10 минута од натпреварот,Милан ги шокираа 2 наивно примени гола еден во 12 додека вториот во 25 мин.Алберто Палочи ја намали предноста во второ полувреме на 1-2 како конечен резултат.Единствената добра работа што им се случи на Милан беше што Наполи ја победи Фиорентина со два брзи гола од Лавези така што остануваат на 4 бода позади Фиорентина ,додека поразената Рома на римското дерби од Лацио,не ја искористи шансата да се доближи 4 бода на Интер кој беше задржан од Џенова со голот на Бориело во 85 мин. за конечен резултат 1-1.

29 коло резултати

AC Milan 1 - 2 Sampdoria
Cagliari 1 - 0 Atalanta
Catania 0 - 0 Siena
Empoli 0 - 0 Juventus
Genoa 1 - 1 Inter Milan
Livorno 1 - 1 Reggina
Napoli 2 - 0 Fiorentina
Parma 2 - 1 Palermo
Torino 0 - 1 Udinese
Lazio 3 - 2 AS Roma

сабота 22 март, 30 коло се среќавааат

Atalanta-Catania 15:00
Fiorentina-Lazio 15:00
Palermo-Genoa 15:00
Reggina-Napoli 15:00
Roma-Empoli 15:00
Siena-Parma 15:00
Torino-Milan 15:00
Udinese-Livorno 15:00
Sampdoria-Cagliari 15:00
Inter-Juventus 20:30

табелата во моментов

68 Inter 36 Palermo
61 Roma 36 Genoa
55 Juventus 32 Siena
50 Fiorentina 31 Torino
46
Milan
29 Parma
45 Sampdoria 28 Catania
44 Udinese 28 Livorno
37 Atalanta 26 Empoli
37 Lazio 26 Reggina
36 Napoli 24 Cagliari

Тhe real football factory - Balkan part 2

Tuesday, March 18, 2008

29 коло Серија А








Вечерва се игра 29 коло во Серија А.Интересна е битката за 4 место кое води во лигата на шампионите помеѓу Милан и Фиорентина како и за 1 место помеѓу Рома и Интер.Рома игра во Римското дерби со Лацио,а Интер и гостува на незгодната Џенова,додека Милан ја пречекува тешко победливата Сампдорија,а Фиорентина е на гости кај Наполи,единствениот тим што го победи Интер сезонава.

Genoa - Inter Milan - 20:30
Parma - Palermo - 20:30
Empoli - Juventus - 20:30
Milan - Sampdoria - 20:30
Napoli - Fiorentina - 20:30
Catania - Siena - 20:30
Livorno - Reggina - 20:30
Torino - Udinese - 20:30
Cagliari - Atalanta - 20:30
Lazio - Roma - 21:15

табелата во моментов

67 Inter 34 Lazio
61 Roma 33 Napoli
54 Juventus 31 Siena
50 Fiorentina 31 Torino
46
Milan
27 Catania
42 Sampdoria 27 Livorno
41 Udinese 26 Parma
37 Atalanta 25 Empoli
36 Palermo 25 Reggina
35 Genoa 21 Cagliari

Monday, March 17, 2008

Kоло на изненадувања

24 коло во Бундес лигата беше коло на изненадувања. Првите два тима на табелата Баерн Минхен и Вердер Бремен иако фаворизирани, не успеаја да дојдат до победи во натпреварите против Енерџи Котбус односно Волфсбург. Баерн доживеа пораз од Енерџи К.-тимот кој до пред ова коло се наоѓаше закован на последното место во ,, бундес друштвото'', додека пак второпласираниот Вердер загуби со 0:1 во мечот против Волфсбург и ја пропушти можноста да ја намали негативата во однос на лидерот.

The real football factory - Balkan part 1

Гледајте го првиот дел од реалноста на фудбалот каде што Дени Даер глумецот од филмот The football factory се срекава со хулиганите на Балканот...


Sunday, March 16, 2008

Бешикташ повторно на врвот


Дерби натпреварот од 26 коло измеѓу Бешикташ и Трабзонспор, заврши со победа на домаќините со неверојатни 3:0.Со оваа победа Бешикташ успеа повторно да ја задржи лидерската позиција и е најсериозниот кандидат за титулата.Екипата на Бешикташ уште во 5 минута на натпреварот поведе со голот на Нобре додека во 45 минута Делгадо успеа да ја затресе мрежата на протинчкикот гол па Бешикташ на полувремето замина со два гола.Во второто полувреме Бешикташ продолжи со добрата игра и постигна уште еден гол а стрелецот беше Ајдин за конечни Бешикташ-Трабзонспор 3:0.

Резултати од 26 коло во Турксел Супер Лигата :

Манисаспор-Сиваспор 1-1
Бурсаспор-Ризеспор 2-1
Кајсериспор-Генчлербирлии 3-0
Анкараспор-Галатасарај 0-1
Анкарагуџу-Генчлербирлии Офташ 2-0
Денизлиспор-Газиантепсор 2-1
Касимпаша-Истанбул Бујукшехир 1-0
Конјаспор-Фенербахче 1-4
Бешикташ-Трабзонспор 3-0

Конечни резултати од 24 коло во Бундес лигата


Петок 14.03.08

Шалке 04 - Дуисбург: (0-1) 2-1

Сабота, 15.03.2008:

Калсрухе - Франкфурт: (0-1) 0-1
Хановер - Арминија Билефилд: (1-2) 2-2
Енерџи Котбус - Баерн Минхен: (2-0) 2-0
Ханза Рошток - Херта: (0-0) 0-0
Бохум - Штудгарт: (1-0) 1-1
Хамбург -Борусија Дортмунд: (0-0) 1-0

Недела, 16.03.2008:

Вердер Бремен - Волфсбург: (0-0) 0-1
Баер Леверкузен - Нинберг: (1-1) 4-1

Friday, March 14, 2008

Оливер Кан ќе се збогува од фудбалот



Оливер Кан познариот чувар на мрежата на Баерн Минхен , кој направи блескава голманска кариера , официјално ќе се збогува од фудбалот на 2 септември оваа година. Во негова чест на ,,Алијанц арената'' во Минхен ќе се одржи ревијален натпревар помеѓу Баерн Минхен и Германската фудбалска репрезентација , двата тима во кои голманската легенда имаше безброј успешни настапи. Неофицијално, на 2 септември , Кан ќе брани по едно полувреме и на двете страни, пред да биде заменет во самиот финиш на мечот кога и ќе се прости од неговите обожаватели.

Конечна табела во Германското фудбалско првенство (сезона 2007/2008)


1. Баерн Минхен - 76
2. Вердер - 66
3. Шалке о4 - 64
4. Хамбургер - 54
5. Волфсбург - 54
6.Штудгарт - 52
7. Баер (Л) - 51
8. Хановер - 49
9. Ајнтрахт - 46
10. Херта - 44
11.Калсрухе - 43
12. Бохум - 41
13. Борусија (Д) - 40
14. Енерџи К. -36
15. Арминија - 34
16. Нинберг - 31
17. Ханза - 30
18. Дуисбург - 29

Лигата на шампиони



Денеска во Нион, во седиштето на УЕФА на програмата беше ждрепка за четвртфиналето на Лигата на шампионите.

Во најелитното европско фудбалско натпреварување ќе се сретнат:

Ливерпул-Арсенал
Фенербахче - Челзи
Рома-Манчестер Јунајтед
Шалке 04-Барселона



Финалистот од ланското финале, Ливерпул, за противник во четвртфиналето го доби тимот на Арсенал.Екипите на Арсенал и Ливерпул ќе ги одмерат силите во англиската пресметка и победникот од овој англиски дуел ќе игра во полуфиналето со подобриот од мечот Фенербахче - Челзи.
Додека Екипата на Рома ќе игра против англискиот шампион Манчестер Јунајтед , и се очекува дека Рома ке се одмазди за последната одиграна утакмица помеѓу овие две екипи кое што заврши 7-1 за екипата на Манчестер Јунајтед.Победникот од овој дуел ќе се соочи со победникот помеѓу Шалке 04-Барселона

Првите натпревари од четвртфиналните пресметки се закажани за 1 и 2 април, а реваншите за 8 и 9 април.

Финалето на ЛШ ќе се игра на 24 мај, на стадионот „Лужники“ во Москва.

Важна информација!!!

Сите корисници на блогов и вљубеници во германската Бундес лига ги информираме дека наскоро ќе започнеме да објавуваме информации, вести и новости и од овој шампионат.

Wednesday, March 12, 2008

Уживајте со најдобрите голови :>>>>

Tuesday, March 11, 2008

ЛИВЕРПУЛ ИМ ГО РАСИПА ПРАЗНУВАЊЕТО НА ИНТЕР | | |




Фудбалерите на Ливерпул го расипаа празничното расположение на нероасурите со тактички прекрасна игра во текот на целиот натпревар.
Ливерпул очекувано почна да ги брани нападите на Интер, но по се изгледа повторно одлучувачки , а воедно и главен фактор на утакмицата беше црвениот картон на Интер кој го доби Бурдисо кој стартуваше на два пати остро врз противниците по што главниот судија на натпреварот му покажа втор жолт картон што значи исклучување за Николас Бурдисо.
Иако Интер остана со играч помалку на теренот Роберто Манчини се реши да не менува ништо, меѓутоа во 63-ата минута се покажа дека тренерот на Интер згреши, со што Фернандо Торез со прекрасна финта од свртување ја смести топката во голот и го доведува својот клуб во предност од 0:1.
Ливерпул е четвртата екипа покрај Челзи,Арсенал и Манчестер Ј. која продолжи во 4/финалната фаза од Лигата на шампионите. Ова покажува на прекрасна доминација на тимовите од островото.Ливерпул вечерва може комотно да слави и да го причека ждребот кој ке се извлекува во петок на 15.03.08. со почеток во 12:oo.

Monday, March 10, 2008

Шева највeројатно преку лето се враќа во Милан!!!





Не се шпекулира,официјално е истакнато на официјалната страна на Милан.Берлускони изјави дека Роналдињо никогаш не бил нивната цел бидејќи нема да се вклопи во играта заедно со Кака и Пато,туку дека треба да ја зајакне дефанзивната линија и да донесе моќен напаѓач т.е. да го врати Андриј Шевченко бидејќи е физички јак и дека сеуште е во неговото срце исто како и на секој фан на Милан.Дали Шева ќе биде спас за неефикасниот напад на Милан минатите две сезони останува да видиме.

"Вардар-Тоа сме ние"





Image Промовиран иницијативниот одбор за спас на Вардар . На прес конференцијата овој иницијативен одбор ја најави својата активност со која се планира средување на состојбите во нашиот најтрофеен и најпознат фудбалски колектив. Овој иницијативен одбор е составен од фудбалските легенди на Вардар , навивачите на овој клуб како и сите оние кои во срце го носат овој клуб.

Според најавата прва актовност на овој иницијативен одбор е да се подготви терен за организирање на вонредно собрание со што ќе се формира ново раководтсво за подобро утре на Вардар. „Вардар – Тоа сме ние“ е логото кое го носи овој иницијативен одбор кој веќе од следниве денови ги започнува активностите за промена на раководството и за средување на состојбата во ФК Вардар со бојкотирање на сите натпревари кои ќе ги игра Вардар, но исто така и со собирање на потписи со кој граѓаните ќе го дадат својот придонес за спас на ФК Вардар.

Иницијативниот одбор планира отворање на книги за потписи кои ќе бидат поставени на фрекфентни локации со што планираат до мај да бидат собрани 50 000 потписи со што планираат да извршат притисок кон раководството на Вардар да се одлучи да свика собрание за разрешување на состојбата. Иницијативниот одбор за спас на Вардар планира да донесе нови спонзорски имиња во клубот кои би го ставиле на цврсти нозе клубот и за неколку години да го однесат во Лигата на шампионите. Навивачите на клубот сакаат и тие да бидат дел од раководството по истиот терк како во најголемите европски екипи.

Ла лига : Реал Шампион?


Актуелниот шампион Реал Мадрид е многу блиско до титулата откако најголемиот ривал Браселона загуби на домашен терен.Со победата над Еспанјол од 2:1 на Сантијаго Бернабеу екипата на Реал Мадрид ја задржа лидерската позиција.Гостите први го открија резултатот, но на две минути пред одморот Игуаин израмни.Во второто полувреме Раул беше играчот кој што поентираше од пенал и по 200 пат ја затресе мрежата на противничките екипи во Ла Лига.Со овој погодок стана седми фудбалер со такво постигнување во историјата и единствен кој е активен.

Виљареал пак на Ноу Камп славеше со резултат 2-1. Гостите во водство дојдоа во 31 минута со ударот од белата точка на Маркос Сена, изедначи Чави во 67 минута а за конечни 1:2 поентираше Томасон. Екипата на Барселона по поразот од Виљареал , заостанува зад Реал Мафрид полни осум бодови.

Резултати :
Athletic Bilbao - Valladolid 2:0
Mallorca - Recreativo Huelva
7:1, Osasuna - Almeria 2:1
Racing Santander - Real Betis 3:0
Real Murcia - Getafe 0:3
Sevilla - Levante 2:1
Valencia - Deportivo La Coruna 2:2
Barcelona - Villarreal 1:2
Real Madrid - Espanyol 2:1
Zaragoza - Atletico Madrid 2:1.

Sunday, March 9, 2008

По Ливерпул, Барнсли распали и по Челзи!!!


Saturday, March 8, 2008

Бешикташ ја задржи лидерската позиција


Фудбалерите на Бешикташ со победата од 2:1 на гостувањето на стадионот 19 мај успеаа да ја задржат лидерската позиција.
Бешикташ ја имаше инцијативата во текот на средбата и со паметна игра успеаа да победат против екипата на Генчлербирлии.Откако Бешикташ поведе дури во 60 минута со голот на дефанзивецот Ибрахим Тораман, 9 минути подоцна Генчлербирлии го израмни резултатот со голот на Керем.Сепак во последните моменти од средбата Бобо успеа да постигне гол за конечни Бешикташ-Генчлербирлии 1:2.

Friday, March 7, 2008

You'll Never Walk Alone



На 12.03.08 ке се дознае и последниот 4/финалниот кандидат во Лигата на шампионите помеѓу Интер и Ливерпул, каде што Интер се надева дека ке ја достигне негативата од 2 гола од првиот нивни дуел.Овој меч е со закаснување од една недела бидејќи законите на УЕФА се такви да не смее да се одиграат два натпревара на еден ист стадион во рок од 24 часа.Мечот започнува во 20:45 на жешкиот терен во Милано, но тоа нема да ѓи спречи фановите на Ливерпул да не допатуваат и да го бодрат својот клуб со нивната традиционална песна, кои ја пејат во свој стил секогаш пред започнувањето и по завршувањето на натпреварот.

Баерн Минхен го декласираше Андерлехт


Баерн во првиот осминафинален натпревар во Купот на УЕФА го декласираше Андерлехт со 5:0 и веке е во голем чекор да осигура пласман во четвртфиналето.

Баерн поведе уште во 9 минута со голот на Хамит Алтинтоп, но клучниот момент во натпреварот се случи кога по еден воздушен дуел меѓу Лука Тони и Марсин Василевски португалскиот судија Бенкеренџа одлучи да ги санкционира и двајцата фудбалери. Бидејки дефанзивецот на Андерлехт, Марсин Василевски само две минути порано доби жолт картон дефанзивецот доби црвен картон , додека Лука Тони доби само жолт картон.Италијанскиот напаѓач на Баерн две минути покасно поентираше па Баерн на полувремето замина со два гола.
Во второтo полувреме Баерн продолжи со одличната игра и постигна уште три гола а стрелци беа Подолски (57), Клосе (67) и Рибери (86) за конечни Баерн Минхен-Андерлехт 5:0.

Thursday, March 6, 2008

Резултати од Купот на Уефа


Штотуку завршија 16/финалните натпревари од купот на уефа.Резултатите беa доста неочекувани.Баерн Минхен го потопи Андерлехт,ПСВ го шокираше Тотенхем,додека Фиорентина на домашен терен заслужено победи против Евертон.

_____________________________Стрелци:

Тотенхем 0 - 1 Псв ____________ J. Farfan

Андерлехт 0 - 5 Баерн Минхен___H. Altintop , L. Toni , L. Podolski , M. Klose , F. Ribery

Ренџерс 2 - 0 Вердер Бремен____D. Cousin , S. Davis

Бенфика 1 - 2 Гетафе___________P. Mantorras , R.D.l. Red , P. Hernandez

Марсеј 3 - 1 Зенит______________2 goals D. Cisse , M. Niang , A. Arshavin

Леверкузен 1 - 0 Хамбургeр______Т. Gekas

Фиорентина 2 - 0 Евертон________Z. Kuzmanovic , R. Montolivo

Болтон 1 - 1 Спортинг Лисабон____G. McCann , S. Vukcevic