
Според најавата прва актовност на овој иницијативен одбор е да се подготви терен за организирање на вонредно собрание со што ќе се формира ново раководтсво за подобро утре на Вардар. „Вардар – Тоа сме ние“ е логото кое го носи овој иницијативен одбор кој веќе од следниве денови ги започнува активностите за промена на раководството и за средување на состојбата во ФК Вардар со бојкотирање на сите натпревари кои ќе ги игра Вардар, но исто така и со собирање на потписи со кој граѓаните ќе го дадат својот придонес за спас на ФК Вардар.
Иницијативниот одбор планира отворање на книги за потписи кои ќе бидат поставени на фрекфентни локации со што планираат до мај да бидат собрани 50 000 потписи со што планираат да извршат притисок кон раководството на Вардар да се одлучи да свика собрание за разрешување на состојбата. Иницијативниот одбор за спас на Вардар планира да донесе нови спонзорски имиња во клубот кои би го ставиле на цврсти нозе клубот и за неколку години да го однесат во Лигата на шампионите. Навивачите на клубот сакаат и тие да бидат дел од раководството по истиот терк како во најголемите европски екипи.
4 comments:
Komiti zakon...
Sfercerot..:)
EDEN E VARDAR...UPRAVA ODI SI|||
ej brat ne gi zaboravaj i LOYAL FANS:)))
Da da i ne treba da gi zaboravime Loyal Fans, Vardar forever
Sfercerot....:>
Post a Comment