CLICK HERE FOR THOUSANDS OF FREE BLOGGER TEMPLATES »

Friday, March 7, 2008

Баерн Минхен го декласираше Андерлехт


Баерн во првиот осминафинален натпревар во Купот на УЕФА го декласираше Андерлехт со 5:0 и веке е во голем чекор да осигура пласман во четвртфиналето.

Баерн поведе уште во 9 минута со голот на Хамит Алтинтоп, но клучниот момент во натпреварот се случи кога по еден воздушен дуел меѓу Лука Тони и Марсин Василевски португалскиот судија Бенкеренџа одлучи да ги санкционира и двајцата фудбалери. Бидејки дефанзивецот на Андерлехт, Марсин Василевски само две минути порано доби жолт картон дефанзивецот доби црвен картон , додека Лука Тони доби само жолт картон.Италијанскиот напаѓач на Баерн две минути покасно поентираше па Баерн на полувремето замина со два гола.
Во второтo полувреме Баерн продолжи со одличната игра и постигна уште три гола а стрелци беа Подолски (57), Клосе (67) и Рибери (86) за конечни Баерн Минхен-Андерлехт 5:0.

0 comments: