CLICK HERE FOR THOUSANDS OF FREE BLOGGER TEMPLATES »

Saturday, March 22, 2008

"Голеада" на Вајт Харт Лејн!!!

Фудбалерите на Челзи по оној трилер меч со Астон Вила на свој терен на своите фанови им подари уште еден инфаркт натпревар на со Тотенхем на гости каде што и покрај тоа што поведуваше трипати на крај успеа да спаси дури само бод.
На почетокот се тргна добро за Челзи кога поведе уште во 3 минута со голот на Дрогба но Вудгејт се погрижи за поинтересен тек на натпреварот израмнувајќи со удар со глава во 12 минута.Челзи сепак успеа на полувреме да однесе предност од 2-1 по одличниот пробив на Џо Кол кога Есјен успеа да ја смести топката во мрежата во 20 минута.Кога и самиот Џо Кол успеа да се впише во листата на стрелци сите помилсија дека се е готово но Тотенхем не го кажа последниот збор.Бербатов намали на 2-3 а Хадлстоун израмни во 75 на 3-3. Најдобриот поединец во редовите на Челзи Џо Кол повторно го донесе Челзи во водство во 79 минута но сепак со едно торпедо Роби Кин ја смести топката позади Кудичини. Кога сите помислија дека тоа е крај на возбудувањата Бербатов во судиското продолжение ќе жали што не успеа од само 5 метри да го совлада Кудичини кој со одличен рефлекс спаси бод за "сините".


Манчестер пак на свој терен ја оправда улогата на фаворит и ја заврши работата уште во првото полувреме со головите на кој друг ако не на Роналдо кој најпрвин донесе водство во 9 минута а во 20 минута со еден свој специјалитет кој самиот го нарекува "торпедо", од 30 метри го совлада голманот на Болтон и води на листата на стрелци пред Торес од Ливерпул.

0 comments: