Иалијанецот во дресот на Баерн, Лука Тони имаше главна улога при триумфот од 2-1 што неговиот тим го забележа во дуелот со Баер Леверкузен. Тони на двапати успеа да го совлада младиот Адлер, кој и покрај примените голови се покажа во добро светло на оваа средба. Голот за гостите од Леверкузен го постигна Буликин на десетина минути пред крајот на мечот. Од другите натпревари издвојуваме дека актуелниот шампион, тимот на Штудгарт ја оправда улогата на фаворит во мечот со Ханза, декласирајќи ја екипата од Рошток со 4-1. Осебено интересно беше и на дуелот помеѓу Волфсбург и Хамбургер, кој заврши без победник 1-1. Гостите поведоа со голот на Рајнхард во првото полувреме, но ,,волците'' благодарение на максимално ангажираната игра дојдоа до заслужен бод благодарение на погодокот на Даниел Љубоја.
Wednesday, March 26, 2008
Краток преглед на 25 коло во Германскиот шампионат
Posted by Ronin at 4:42 AM
Labels: Бундес Лига
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
0 comments:
Post a Comment