CLICK HERE FOR THOUSANDS OF FREE BLOGGER TEMPLATES »

Friday, March 21, 2008

Арсенал полека го губи "здивот"

Фудбалерите на Арсенал полека но сигурно почнуваат да подлегнуваат под притисокот и да ја губат битката за титулата каде се најзагрозени од шампионот Манчестер Јунајтед и од позадина вицешампионот Челзи.Четврти пат по ред успеа да освои само бод во период кога им се најпотребни бодови.На својот "Емирати" иако ја имаше играта во текот на целиот натпревар прв поведе Мидлзбро преку Алиадиер во 25 минута.По многуте шанси Арсенал успеа да се извлече во финишот и да израмни преку Туре во 86 минута.
На другите натпревари Манчестер, Челзи и Ливерпул потешко од очекувањата славеа врз Дерби, Сандерленд односно Ридинг.

Кај Манчестер повторно јунак беше Кристијано Роналдо кој успеа да го скрши отпорот против Дерби дури во 75 минута по еден пробив на Руни по левата страна кога го вработи прецизно Роналдо а на овој му остана полесната работа.
<
Ливерпул на својот Енфилд Роуд иако беше во негатива по голот на Матејовски во 5 минута Маскерано успеа да израмни брзо во 19 минута а кој друг ако не суперзасилувањето на Ливерпул Фернандо Торес успеа да им донесе три бода во 47 минута.
На стадионот на светлината Челзи упсеа рутинирано да дојде до победата со голот на Џон Тери во 10 минута по корнерот на Лампард со што серизно се вмеша во битката за титулата.
Останати резултати од 30 коло:
Портсмут - Астон Вила 2-0
Вест Хем - Блекбурн 2-1
Фулам - Евертон 1-0
Виган - Болтон 1-0
М.Сити - Тотенхем 2-1
Бирмингем - Нукасл 1-1

0 comments: