Во германскиот шампионат и во 26 коло тимот на Вердер продолжи со слабата игра. Екипата од Бремен не успева да забележи победа веќе на четири натпревари по ред, а овој пат загуби на домашен терен од аутсајдерот Дуизбург со 1-2. Гостите подготвени влегоа во овој меч и ја искористија опуштеноста на фудбалерите на Вердер. По првото полувреме, Дуизбург имаше водство од 0-2 благодарение на головите на Грлиќ и на Ишиаку, а до крајот домаќините успеаа да постигнат почесен гол преку својот најдобар фудбалер Диего.
Лидерот Баерн се спаси од пораз на теренот на Нинберг и изигра нерешено 1-1. Домаќините го отворија резултатот во финишот од првиот дел, со прекрасниот погодок на Масимовиќ, а спасител на Баварците беше резервистот Лукас Подолски.
Фармацевтите од Леверкузен неочекувано загубија на домашен терен од Ајнтрахт со 0-2. Првиот погодок за гостите беше всушност автогол на напаѓачот Штефан Кислинг а во вториот дел тие си ја осигураа победата преку голот на Мацинос.
Тимот на Хамбургер пак и по 26 коло остана осамен на второто место од табелата, иако одигра 1-1 на домашен терен против Арминија.
Tuesday, April 1, 2008
Вердер во криза !?
Posted by Ronin at 4:59 AM
Labels: Бундес Лига
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
0 comments:
Post a Comment