CLICK HERE FOR THOUSANDS OF FREE BLOGGER TEMPLATES »

Wednesday, April 30, 2008

Извештај за 29 коло од Германскиот фудбалски шампионат



Во 29 коло од германскиот шампионат тимот на Шалке се ,,извади’’ за катастрофалниот пораз кој минатото коло го доживеа од Вердер. Сега бодрени од сопствените навивачи, фудбалерите на овој клуб успеаа убедливо да го совладаат тимот на Енерџи Котбус со резултат од 5-0. Од овој меч уште би ја споменале и информацијата дека нашиот репрезентативец во тимот од Котбус, Игор Митревски беше заменет кон крајот на првиот дел од натпреварот поради повреда. Инаку стрелци за Шалке беа Да Силва во 31 минута и Курањи со своите четири погодоци во 37, 41, 59 и 80 минута од мечот. И по оваа средба остана убедувањето дека Енерџи Kотбус сезонава игра во многу слаба форма, впрочем тоа може да се согледа и од пласманот на табелата каде што овој тим ,,лебди’’ над ,,критичната зона’’. Од ова коло за издвојување е и победата на Вердер на гостински терен. Имено фудбалерите од Бремен успеаа да извојуваат победа над Ханза со 2-1. На овој натпревар головите за Вердер ги постигнаа Фрингс и Класниќ во 57 односно 82 минута додека пак единствениот погодок за домаќините го постигна Хенге во 76 минута од средбата.

Резултати:

Ханза – Вердер (0-0) 1-2

Херта – Хамбургер (0-0) 0-0

Волфсбург – Бохум (0-0) 0-1

Шалке – Енерџи (К) (3-0) 5-0

Ајнтрахт – Баерн (М) (1-0) 1-3

Арминија – Баер (Л) (0-0) 1-0

Штудгарт – Нинберг (3-0) 3-0

Борусија (Д) – Хановер (0-2) 1-3

Дуисбург – Калсрухе (0-0) 0-1

0 comments: