Еден од навивачите на Војводина е убиен во синоќешната престрелка помеѓу навивачите на Војводина и Партизан на железничката станица во Футог во близина на Нови Сад. Според сеуште непотврдени информации, тепачката била договорена однапред и започната била во 22:30 часот. Во неа еден од навивачите на Партизан извадил пиштол и го убил 27-годишниот Дејан Д., а во коленото ранил и уште еден 17-годишен навивач.
Овој немил настан се поврзува со инцидентот во Нови Сад овој викенд кога имаше 4 повредени и 30 приведени навивачи.
Во последните три години ова е осмото убиство во Србија кое се поврзува со навивачите, тогаш беа двајца избодени со нож, еден убиен во воз и еден беше погоден со ракета.
Wednesday, April 16, 2008
Убиен навивач од Нови Сад...
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
0 comments:
Post a Comment