Најголем печат на 28 коло во германскиот шампионат остави средбата помеѓу тимовите на Вердер и Шалке, на која тимот од Бремен го понижи гостинот со убедлив резултат од 5-1.
Со оваа висока победа фудбалерите на Томас Шаф најавија дека се уште сериозно размислуваат за освојување на второто место од табелата, кое обезбедува директен пласман во Лигата на шампионите. На овој натпревар веќе по 30 минути игра составот на Вердер имаше водство од 2-0 кое го обезбеди преку головите на Бауман и Саного. Потоа благодарение на погодокот на Курањи, Шалке успеа да ги сочува надежите за поволен резултат на овој дуел, но за жал тоа беше единствениот погодок за тимот од Гелзенкирхен на оваа средба. До крајот во листата на стрелците се запишаа Розенберг и на два пати Класниќ за конечен резултат од 5-1.
Тимот на Хамбургер ја загуби третата позиција во првенството откако пред сопствените гледачи доживеа минимален пораз од Дуизбург (0-1). Стрелец за гостинскиот тим беше Ивица Грлиќ во 54 минута од средбата.
Од 28 коло во германското првенство за издвојување е и податокот дека петочната средба помеѓу составите на Нинберг и Волфсбург, беше прекината при резултат 1-0 за домаќинот поради обилните врнежи од дожд.
Резултати (28 коло) :
Нинберг - Волфсбург (прек) 1-0
Вердер - Шалке (2-1) 5-1
Хановер - Ајнтрахт (1-1) 2-1
Карлсрухе - Ханза (0-1) 1-2
Енерџи (К) - Арминија (0-0) 1-0
Хамбургер - Дуизбург (0-0) 0-1
Бохум- Херта (1-1) 1-1
Баерн (М) - Борусија (Д) (4-0) 5-0
Баер (Л) - Штудгарт (2-0) 3-0
Monday, April 14, 2008
Бундеслига (28 коло)
Posted by Ronin at 9:10 AM
Labels: Бундес Лига
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
0 comments:
Post a Comment