CLICK HERE FOR THOUSANDS OF FREE BLOGGER TEMPLATES »

Tuesday, April 1, 2008

Ѓаволите ја "сварија" Вила

Тоа што беше навидум лесно за Манчестер не беше воопшто лесно за Челзи и Арсенал.
На домашен терен Мен-ју ја одржа предноста од 5 во однос на Челзи и 6 бода во однос на Арсенал.Човек на натпреварот беше секако Кико.Со многу атрактивен гол го доведе Манчестер во водство во 17 минута.Го пстина 35-иот гол оваа сезона во 35-иот натпревар.Но тука не беше крајот.Во 33` му асистираше на Тевез за два нула а откако Руни зголеми на 3-0, во 70` повторно асистираше до Руни за конечни 4-0.
Челзи со голот на Карвалјо оствари победа од 1-0 над Боро но двапати пречката и еднаш стативата беа сојузници на Челзи.
Таму каде беше најинтересно на Рибок се случи чудо кога Арсенал со 2 гола негатива и човек помалку успеа да слави во самиот финиш.Со двата гола на Тејлор,Болтон водеше на полувреме а и имаше човек повеќе на теренот.Во второто полувреме откако не успеа да ја завери победата на ред дојде Арсенал.Влегоа во игра Волкот и Адебајор и се се смени.Најпрвин намали Галас по еден корнер и кикс на Иван Кампо а во 68` од пенал израмни Ван Перси.Арсенал почна да ја игра својата игра и во финишот беа наградени за храбрата игра кога Фабрегас во 90` шутираше а таа се одби од двајца и влезе во мрежата.
Ливерпул на Енфилд со голот на гол-машината Торес победи во градското дерби на Мерсисајд со еден нула во директниот дуел за 4 место.
Останати резултати:
Тотенхем - Њукасл 1-4
Бирмингем - Сити 3-1
Сандерленд - Вест Хем 2-1
Ридинг - Блекбурн 0-0
Дерби - Фулам 2-2
Портмсут - Виган 2-0
Премиер Лига Pts
1 Man United 76
2 Chelsea 71
3 Arsenal 70
4 Liverpool 62
5 Everton 57
6 Portsmouth 53
7 Blackburn 50
8 Aston Villa 49
9 Man City 49
10 West Ham 44
11 Tottenham 39
12 Newcastle 35
13 Middlesbrough 34
14 Sunderland 33
15 Reading 32
16 Wigan 31
17 Birmingham 30
18 Bolton 26
19 Fulham 24
20 Derby 11

1 comments:

ONUR said...

bravo za arsenalllllllllllll