По 27 коло во Бундеслигата, Шалке се наоѓа на второто место на табелата откако на домашен терен ја совлада Ханза со 1-о. Тимот на Хамбургер пак, со истиот резултат загуби на гостувањето во Штудгарт. По ова коло Шалке заостанува со шест бода зад лидерот Баерн Минхен.
Голот за екипата од Гелзенкирхен го постигна турскиот репрезентативец Халил Алтинтоп во 52 минута. Тој воедно беше и најдобриот поединец на мечот а секако во преостанатиот период ќе биде и предводник во обидот Шалке да го достигне лидерот Баерн.
Актуелниот шампион Штудгарт иако играше без својот најдобар фудбалер Марио Гомез успеа да забележи победа во дуелот со Хамбургер (1-0).
Вердер на гостувањето во Берлин успеа да ја совлада Херта со 2-1 и конечно успеа да ја скрши серијата од четири дуели на кои освојуваше само по еден бод.
Резултати од 27 коло:
Дуисбург - Енерџи К. 0-1
Шалке - Ханза 1-0
Херта - Вердер 1-2
Арминија - Калсрухе 1-0
Штудгарт - Хамбургер 1-0
Ајнтрахт - Нинберг 1-3
Волфсбург - Хановер 3-2
Friday, April 11, 2008
Преглед на 27 коло
Posted by Ronin at 4:07 AM
Labels: Бундес Лига
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
0 comments:
Post a Comment