CLICK HERE FOR THOUSANDS OF FREE BLOGGER TEMPLATES »

Tuesday, May 13, 2008

Ла лига 2007/08



Хммммм....
Многу интересна сезона со многу интересни натпревари а и интересни настани.Оваа сезона барем јас очекував дека Барселона ќе освои се што ќе посака, но на крај се случи тоа што не очекував, можам да кажам дека оваа сезона беше најлошата сезона за Барселона без оглед на тоа што ги имаше најдобрите играчи во своите редови.Не ми беше јасно за што екипата на Барселона мораше да купи толку многу “ѕвезди“, затоа што барем лани Барселона одлично играше и немаше потреба за плус “ѕвезди“ во своите редови.Лани играа атрактивно , брзо, напаѓачки просто кажано играа одлично но оваа сезона тоа не го повториа.Можам да кажам дека и отсуството на Роналдињо многу влиаеше на играта на Барселона, сепак лани Роналдињо беше главниот херој во Барселона.Каков тренер може да остави таков играч на клупа не ми е јасно, но сепак затоа и Рајкард сега ги плаќа грешките и е во чекор да замине од клубот затоа што Барселона денеска и официјално потврди дека Франк Рајкард по крајот на сезоната нема повеќе да биде тренер на Барселона, односно дека негов наследник ќе биде Јосеп Гвардиола, кој моментално го води вториот тим на каталонскиот клуб.
Но после толку разочарувања од каталонскиот клуб сепак екипата на Реал го покажа спротивното во ла лига.Екипата на Реал одигра феноменално оваа сезона без оглед на тоа дека не се очекуваше тоа од нив.Барем едно е сигурно најзаслужен за тоа е без сомнение тренерот на Реал Бернд Шустер.Шустер се одлучи да игра со млади талентирани играчи и со тоа докажа дека екипата на Реал може многу подобро да игра без таканаречени “ѕвезди“.Значи заслужено Реал ја одбрани титулата и поважно од тоа Реал ја прослави својата нова титула во шпанското првенство на најдобар можен начин, со висока победа против најголемиот ривал, Барселона.
Исто така и да не ја заборавиме екипата на Виљареал, тие до последниот момент одиграа одлично и заслужено се во 2 позиција на табелата која води директно во Лигата на Шампионите.
За расплед на дното на табелата ќе се чека последното коло.Сигурно е дека екипата на Валенсија не е на пат кон 2 лига но во најтешка ситуација останува Сарагоса, која против Реал обезбеди само бод, додека Ваљадолид и Гетафе направија само еден чекор напред, со поделбата на бодовите.



Најдобрата игра оваа сезона уживајте :>>>>>>>>>>>>>>

0 comments: