Во последното 34 коло од овогодинешната сезона во Бундес лигата, новиот шампион Баерн Минхен на домашен терен ја совлада Херта со 4-1, но на ,,Алијанц арена'' исходот од овој натпревар беше ставен во втор план. Фановите на клубот од Минхен овојпат ги преполнија трибините за да се простат со еден од најдобрите голмани на денешницата, Оливер Кан. Со овој натпревар Кан стави крај на неговата неверојатна кариера. Тој во Бундес лигата дебитирал на 27 ноември 1987 година како ,,чувар на голот'' на Калсрухе. Оттогаш цели 14 сезони му е лојален на Баерн Минхен, клуб со кој оствари неверојатни подвизи. Последното коло го означи и заминувањето на Отмар Хицвелд од тренерската позиција во Баерн. Тој со многу емоции се збогуваше од верните навивачи со кои заеднички сподели многу среќни но и тажни моменти. Од наредната сезона Хицвелд ќе работи како селектор на Швајцарската репрезентација. Од другите натпревари одиграни во рамките на последното коло би го издвоиле мечот помеѓу Вердер и Баер (Л). На овој натпревар тимот од Бремен оствари минимална победа од 1-0, со која си го обезбеди второто место на табелата а со тоа и директниот пласман во Лигата на шампионите. Во најелитното фудбалско натпреварување директно учество си обезбеди и првопласираниот Баерн. Тимот на Шалке пак, ќе треба да одигра квалификациони натпревари по кои ќе се знае дали оваа екипа ќе биде дел од ,,Шампионската лига''. Во Купот на УЕФА директно се пласираа тимовите на Хамбургер и Волфсбург кои ги заземаат четвртата односно петата позиција на табелата во Бундес лигата. Шестопласираниот Штудгарт, наредната сезона ќе биде германски претставник во рамките на Интер-тото купот. Последната информација се однесува на податокот дека оваа сезона од Бундеслигата ќе си заминат тимовите на Нинберг, Ханза и Дуисбург а нивното место ќе го заземат екипите на Борусија Менхенгладбах, Хофенхајм 1899 и Келн, тимови кои ги освоија првите три позиции во Втората германска лига.
Останати резултати од последното коло:
Баер (Л) - Вердер (0-0) 0-1
Баерн (М) - Херта (3-0) 4-1
Бохум - Ханза (1-1) 1-2
Борусија (Д) - Волфсбург (1-2) 2-4
Ајнтрахт - Дуисбург (3-0) 4-2
Хамбургер - Карлсрухе (3-0) 7-0
Хановер - Енерџи К. (2-0) 4-0
Нинберг - Шалке (0-1) 1-2
Штудгарт - Арминија (0-1) 2-2
Monday, May 19, 2008
Радост и солзи на ,,Алијанц арената''
Posted by Ronin at 1:37 PM
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
0 comments:
Post a Comment