CLICK HERE FOR THOUSANDS OF FREE BLOGGER TEMPLATES »

Tuesday, May 13, 2008

33 коло во Бундес лигата


Во Германија викендов се одигра претпоследното 33 коло од фудбалскиот шампионат по кое може да се каже дека екипите на Дуизбург и Ханза дефинитивно ќе се преселат во втората фудбалска лига. Овие две екипи не успеаа да си обезбедат опстанок во елитата откако во рамките на 33 коло доживеаа порази од тимовите Баерн Минхен и Баер од Леверкузен. Дуизбург на домашен терен загуби од новиот шампион Баерн со резултат 2-3. Гостите од Минхен веќе по првото полувреме имаа предност од 3 гола, но до крајот на натпреварот фудбалерите на Дуизбург успеаа да постигнат 2 гола со што достоинствено се простија од првата Бундес лига. И екипата на Ханза ги загуби надежите за опстанок на домашен терен по поразот од тимот на Баер Леверкузен со 1-2. Во последното коло од оваа сезона ќе се одлучува уште кој тим заедно Дуизбург и Ханза ќе премине во втората лига. Како стојат работите најблиску до оваа ситуација е Нинберг кој доколку сака да обезбеди опстанок ќе мора да ја совлада екипата на Шалке 04, со надеж дека минатогодишниот шампион Штутгарт ќе победи во мечот против Арминија.

Останати резултати од 33 коло:

Арминија - Борусија (Д) (0-1) 2-2
Дуизбург - Баерн (М) (0-3) 2-3
Е.Котбус - Хамбургер (1-0) 2-0
Ханза - Баер (Л) (0-1) 1-2
Херта - Нинберг (0-0) 1-0
Калсрухе - Бохум (0-1) 1-3
Шалке - Ајнтрахт (0-0) 1-0
Вердер - Хановер (2-0) 6-1
Волфсбург - Штудгарт (2-0) 4-0

0 comments: