Повеќето познавачи на германскиот фудбал се согласуваат дека уште на почетокот на сезоната можеше да се претпостави дека тимот на Баерн ќе доминира на домашната сцена. Откако најпрво го освоија купот во Германија, по одиграното 31 коло, само на три кола до крајот на сезоната фудбалерите на Баерн ја споделија радоста за освоената 21 титула во Германскиот шампионат. И покрај тоа што во мечот одигран во рамките на ова коло, Баерн изигра нерешено на гостински терен против Волфсбург (0-0), сепак 1 бод беше сосем доволен за да се потврди шампионскиот статус. Од останатите натпревари може да се истакне мечот помеѓу Шалке и Хановер кој заврши со резултат 1-1, поради што екипата на Шалке го изгуби 2 место на табелата и ја прокоцка можноста уште сега да си го обезбеди директниот пласман во Лигата на шампионите. Овој ,,кикс'' го искористија фудбалерите на Вердер кои со победата над Енерџи Котбус од 2-0 ја продолжија ,,мртвата трка'' со Шалке за освојување на второто место кое обезбедува излез на европската фудбалска сцена.
Резултати:
Ханза - Хамбургер (0-2) 1-3
Шалке - Хановер (1-1) 1-1
Вердер - Е. Котбус (0-0) 2-0
Арминија - Бохум (0-0) 2-0
Штудгарт - Ајнтрахт (3-0) 4-1
Херта - Карлсрухе (2-0) 3-1
Борусија (Д) - Нинберг (0-0) 0-0
Волфсбург - Баерн (М) (0-0) 0-0
Дуизбург - Баер (Л) (2-1) 3-2
Wednesday, May 7, 2008
31 коло - Баерн се закити со двојна круна
Posted by Ronin at 3:52 AM
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
0 comments:
Post a Comment